Минатата недела, Ферари го прикажа специјалното обојување на болидот и тркачките комбинезони на возачите за претстојната трка во Лас Вегас, но тие нема да бидат единствените кои ќе го променат вообичаениот дизајн на болидот.
Пред претпоследната трка од сезоната, тимот на Алпин потпиша спонзорски договор со BasicNet Group, кој е сопственик на брендот за скејтбординг и улична облека Palace и Италијанскиот бренд за спортска облека Kappa.
Во Лас Вегас овие две логоа ќе се појават на болидите на Пјер Гасли и Естебан Окон, како и на тркачките комбинезони и тимските униформи.
Како дел од соработката, малку ќе се промени и бојата на A523. На вообичаените сини и розови бои на болидот беа додадени маскирни елементи кои треба да изгледаат особено импресивно под вештачко осветлување на патеката во Лас Вегас.
АЛПИН СО НОВ ЛАС ВЕГАС ИЗГЛЕД
11/13/2023 11:15:00 PM
0
Share to other apps