Речиси е време за најочекуваната трка на годината, бидејќи Формула 1 се враќа во Лас Вегас по отсуство од 41 година. Ветува дека ќе биде еден од најспектакуларните настани во сезоната.
Овој викенд, Формула 1 го презема можеби најголемoтo "коцкање" во ерата на Либерти Медиа, и соодветно го прави тоа во главниот град на обложувалниците на Америка - Лас Вегас, Невада.
Либерти вложи огромна сума во оваа трка, како и промоцијата на самиот настан во врска со градот и неговите огромни казина и хотели. Иако конфигурацијата на патеката е несомнено спектакуларна, тркање по познатиот Стрип, одлуката да се направи ноќна трка за време на пустинската зима може да резултира со контраефект, што секако го зголемува ризикот.
Тимовите ќе се обидат да го имитират гламурот на Монте Карло, па може да очекувате да присуствуваат мноштво познати личности, дури и рок легендите U2 беа принудени да ја напуштат својата резиденција на новата Сфера за да направат место за ова шоу.
Сега потребна е добра трка, за да сите овие напори станат исплатливи. Ф1 очајно сака да направи БУМ во Америка, се поставува прашањето дали е ова финалниот чекор?
Оваа патека има две ДРС зони, една на Стрип секторот и друга помеѓу кривините четири и пет, за да се помогне при претекнувањето. Понатаму, долгиот правец од свиокот 16 до свиокот 1, исто така претставува можност за претекнување.
Пирели ги донесе најмеките смеши, C3, C4 и C5, кои ќе се користат овој викенд. Ниските температури би можеле да значат поголемо преуправување и/или подуправување, плус грејнинг на гумите.
Како резултат на тоа, зачувувањето на гумите може да се покаже тешко и возачите можеби ќе треба да застанат повеќе од еднаш. Фернандо Алонсо го даде првичното видување за трката во градот на светлината.
Фернандо, имавте неверојатна трка за Големата Награда на Сао Пауло, што се вртеше низ твојот ум во тие последни кругови?
Фернандо Алонсо: "Се чувствував како да ја имам третата позиција под контрола до последните пет круга кога Чеко навистина почна да ме притиска. Не мислев дека неговите гуми ќе издржат до крајот и ќе му го понудат грипот што го имаше, но, стана јасно, дека тоа не беше така."
"Кога на крајот ме претекна во првиот свиок, помислив дека мојата можност за подиум исчезна. Но, тогаш останав во зона на ДРС-системот и во следниот круг успеав да ја вратам третата позиција во четвртиот свиок."
"Не знаев дали завршив пред него по финишот, бидејќи му требаше време на мојот инженер да ја потврди позицијата. Ми беше како една минута пред да ја потврди, но му требаа само неколку секунди!"
"Потоа го слушнав вресокот во гаражата од радиото како што ми потврди инженерот. Тоа беше посебен крај на трката."
Вие и Ленс ги освоивте третото и петтото место, соодветно, па како се чувствувате за подобреното темпо и напорите на Ленс и тимот во Бразил?
Фернандо Алонсо: "Имавме тешки викенди во Остин и Мексико, но научивме многу за нашиот болид. Заслуга за нашиот тим е што успеавме да се вратиме со овој настап во Бразил. Ајде да видиме дали можеме да го пренесеме овој моментум во последните два викенди за трки на многу различни патеки."
Дали некогаш сте биле во Лас Вегас? Дали сте возбудени за овогодинешната трка?
Фернандо Алонсо: "Сум бил пред многу години. Заинтересиран сум да видам како градот ја прифаќа Формула 1 и отсекогаш уживав да се тркам во Америка и да пробувам нови патеки."
Кој ќе биде најголемиот предизвик за вас во Лас Вегас со оглед на ниските температури и долгите правци?
Фернандо Алонсо: "Со секоја нова патека, потребно е малку време да се почувствувате запознаени со неа. Исто така, ќе биде интересно да се види какво ќе биде нивото на грип, бидејќи тоа е секогаш фактор на новите патеки."
"На ова ќе влијаат и ниските температури, на кои не сме навикнати да се тркаме оваа година. Тоа е спротивно на Катар, на пример. Исто така, нема категории за поддршка кои се тркаат тука, така што најверојатно ќе ја направи патеката повеќе лизгава кога ќе излеземе на неа."
"Поминавме време во симулаторот и ги разгледуваме сите податоци што ги имаме, но во реалноста, навистина ќе добиеме чувство за патеката во четврток за време на тренинзите."
Која е вашата цел за последните две трки?
Фернандо Алонсо: "Силен финиш на сезоната со што е можно повеќе бодови. Точно е дека сите размислуваме за 2024 година, но сакаме да бидеме сигурни дека ќе одиме во следната сезона во најдобрата можна позиција и со моментум на наша страна. И конечно, важно е да уживаме во овие две последни трки во 2023 година!"
ФЕРНАНДО АЛОНСО ЗА ТРКАТА ВО ЛАС ВЕГАС
11/15/2023 11:02:00 PM
0
Share to other apps