Алпин ги потврди шесте возачи кои во 2024 година ќе возат за францускиот тим во нивните два хиперавтомобили пријавени за шампионатот на издржливост (WEC).
Тројца французи кои веќе работат со Alpine Endurance Team ќе бидат вклучени во програмата: Николас Лапиер, Матие Ваксијер и Шарл Милези.
Нив ќе им се придружат Французинот Пол-Луп Шатин, веќе запознаен со тимот, Австриецот Фердинанд Хабсбург и Германецот Мик Шумахер, кој ќе дебитира во трките за издржливост.
Тимот на Алпин официјално ќе ги претстави своите екипажи и изгледот на A424 на презентацијата закажана за 7 февруари 2024 година.
Минатиот октомври Мик Шумахер за прв пат возеше прототип автомобил за трките на издржливост. Работејќи со тимот на Алпин, германецот ги научи суптилностите на оваа нова машина под будното око на неговите идни тимски колеги.
По овој ветувачки прв обид, Алпин и Мик Шумахер решија заедно да го прифатат предизвикот во 2024 година во врвната класа на трки на издржливост.
Мик Шумахер: "За мене започнува ново поглавје со Алпин во категоријата FIA WEC Hypercar. Автомобилот е импресивен и едвај чекам да започнам. Затворениот возачки кокпит и покриени тркала се одлична можност да ги усовршам моите возачки способности."
"Многу ми недостасуваше да се тркам оваа година. Тоа е она што сакав да го правам уште од детството и понекогаш беше тешко да ги гледам другите возачи во акција на патеката. Трките за издржливост се нов предизвик за мене, и сигурен сум дека ќе споделиме одлични моменти заедно со Алпин."
Истовремено, од Мерцедес АМГ денес официјално потврдија дека Шуми Јр. ќе ја задржи улогата на резервен возач во тимот за 2024 година.
МИК ШУМАХЕР СИ ОБЕЗБЕДИ ВОЗАЧКО МЕСТО
11/22/2023 08:26:00 PM
0
Share to other apps