Џорџ Расел го забележа најбрзото време на саботниот тренинг за Големата Награда на Абу Даби. Возачот на Мерцедес АМГ беше побрз од дуото на Мекларен, Ландо Норис за 43 илјадитинки, но Оскар Пјастри заостана речиси четири десетинки на третото место.
Иако третиот тренинг воопшто не е репрезентативен за остатокот од викендот, многу од возачите излегоа на патеката од првите минути за да го надоместат загубеното време на вчерашните тренинг сесии.
Половина од возачите беа надвор од Т1 бидејќи мораа да го отстапат своето место на младите возачи, а во вториот едвај можеа да возат поради црвените знамиња.
Сесијата започна на црвените гуми за повеќето возачи, само тие на Ферари беа на жолтите и се посветија на тркачкото темпо.
Кога излезе на патеката, Џорџ Расел веднаш го имаше најбрзото време и никој не успеа да го симне нити за момент до крајот на сесијата. Единствен кој се доближи до него беше Ландо Норис и доколку не беше пролизгувањето во последниот свиок имаше шанси да го победи својот сонародник.
Квалификациите се закажани за 15:00 часот по Македонско време и по се изгледа дека Џорџ Расел е прв кандидат за Пол позицијата.
ЏОРЏ РАСЕЛ ДОМИНИРАШЕ НА САБОТНИОТ ТРЕНИНГ
11/25/2023 11:08:00 AM
0
Share to other apps