Макс Ферстапен не сакаше да "забави" нити на последните квалификации од 2023 сезоната возени на патеката Јас Марина во Абу Даби, забележувајќи ја неговата 32-ра Пол позиција во Формула 1.
Холанѓанецот ги победи Чарлс Леклер за една десетинка и Оскар Пјастри за три десетинки. Луис Хамилтон отпадна во Q2, Карлос Саинц Јр. во Q1 сесијата.
Гледавме интересни класификации и неизвесност до самиот финиш. Да, Ферстапен го имаше најбрзото време, но само десетинка разлика со Чарлс Леклер, додека Ландо Норис изгледаше многу силен, но изгуби се во последниот сектор од неговиот последен брз круг.
Мерцедес АМГ, Мекларен и Ферари се чини дека се на многу слично ниво на перформанси, додека Ред Бул е понапред и јасен фаворит за Победата на утрешната трка.
По саботниот тренинг на кој доминираше Џорџ Расел, следуваа квалификациите за Големата Награда на Абу Даби. Асфалтот, под превезот на ноќта, од 44 спадна на температура од 33 степени.
На стартот од Q1 сесијата немаше брзање, а возачите на патеката излегоа по речиси четири изминати минути без активност.
Макс Ферстапен започна со 1:24.160. Ландо Норис беше две десетинки зад Холанѓанецот во неговиот прв обид, Леклер имаше речиси четири десетинки заостанување, Карлос Саинц Јр. шест десетинки.
Понатаму, Мерцедес АМГ беа побавни од очекуваното, а Астон Мартин беа далеку зад нив. Црвените гуми не беа конкурентни за втор обид, па возачите мораа во бокс по нов сет на црвените гуми.
Макс Ферстапен, вториот обид го започна на стар сет пневматици, не го подобри своето време, но сесијата ја заврши на врвот, а веднаш зад него се најде Серџо Перез со 49 илјадитинки заостанување.
Карлос Саинц Јр. беше изненадувањето на сесијата, Шпанецот се најде во густ сообраќај и се најде на шеснаесеттата позиција, отпаѓајќи заедно со Магнусен, Ботас, Гуанју и Сарџент, кој имаше две избришани времиња.
Q2 сесијата започна со поголема активност од првите секунди. Многу возачи брзо излегоа на патеката, иако речиси сите беа на користени гуми.
Макс Ферстапен, единствениот со нови црвени гуми, го забележа најбрзото време и беше една десетинка пред Норис и три десетинки пред Перез, овие двајца, на користени гуми.
Малку поназад, Чарлс Леклер се појави на седмата позиција, веднаш пред Фернандо Алонсо, Ленс Строл и Луис Хамилтон. Борбата за влез во финалето беше многу блиска.
Ферстапен реши да не излезе за втор обид, но повторно заврши на првото место на табелата, со 180 илјадитинки разлика пред Норис и 229 илјадити пред Леклер.
Изненадувањето на овој сегмент од квалификациите беше Луис Хамилтон, кој се најде на 11-тата позиција, пред Окон, Строл, Албон и Рикиардо.
По две блиски сесии со изненадувања, следуваше пресметка на најбрзите 10 возачи.
Во оваа прилика, Макс Ферстапен беше прв во редот на Пит-Линијата и ја отвори Q3 сесијата со импресивно време од 1:23.445. Се разбира, Холанѓанецот повторно беше единствениот со нови гуми, а возачите на Мекларен беа многу блиску со користен сет на црвените гуми. Ландо Норис, три десетинки заостанување,Оскар Пјастри, пет.
При вторите брзи круга, Макс Ферстапен не можеше да се подобри, но неговото претходно време му помогна да ја забележи својата 12-та Пол позиција во сезоната со десетинка предност пред Леклер и нешто повеќе од три десетинки пред Пјастри и Расел.
Ландо Норис имаше брз круг, но на крајот од кругот направи грешка по што го изгуби првиот стартен ред од својот тимски колега. Британецот на крај беше петти, зад Расел и пред Цунода, Алонсо, Хулкенберг, Перез, чиј последен брз круг беше избришан, и Пјер Гасли кој се пожали на бллокирање од Оскар Пјастри.
МАКС БЕЗ ГРЕШКА, НАНДО ЈА ИЗГУБИ ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА
11/25/2023 01:09:00 PM
0
Share to other apps