Макс Ферстапен забележа нова Спринт Победа остварена во рамките на Големата Награда на Сао Пауло, повторно "зацементирана" со одличен старт. Ландо Норис беше втор и покажа дека Мекларен има тркачко темпо да биде, барем, закана за првото место.
По Спринт пресметката, во која Ландо Норис успеа да ги победи возачите на Ред Бул за Пол позицијата, следуваше Спринтот, кој веќе станува традиција во Интерлагос, т.е. Хозе Карлос Паче.
Стартот на Макс Ферстапен беше добар, па Холанѓанецот беше во можност да се постави од внатрешната страна на првиот свиок и го претекне Ландо Норис за водство.
h
Џорџ Расел и Луис Хамилтон беа во можност лесно да го претекнат Серџо Перез, а помладиот британец во тимот на Мерцедес АМГ, продолжи со супер стартот па беше во можност да го претекне и Ландо Норис за второто место, позиционирајќи се веднаш зад Макс Ферстапен.
Холанѓанецот не успеваше да го извлече Расел надвор од ДРС-зоната, а Норис исто така беше залепен за својот сонародник. Луис Хамилтон, пак, беше нападнат од Серџо Перез кој со ДРС-системот успеа да го претекне во четвртиот круг.
Гледавме многу блиски битки во првите кругови. Во петтиот круг Ландо Норис го искористи тоа што Џорџ Расел повеќе немаше ДРС и го престигна возачот на Мерцедес АМГ. Плус, тој можеше брзо да создаде разлика поголема од секунда, за Мерцедесот АМГ да не му биде закана.
Во позадина, Фернандо Алонсо имаше неколку претекнувања за пласман на дванаесеттото место. Утрешната трка ќе ја стартува многу повисоко на гридот, па да видиме дали тркачкото темпо на Астон Мартин ќе овозможи да остане при врвот или ќе тоне во поредокот.
Серџо Перез исто така имаше многу добро темпо, но мораше да се соочи со Расел и Норис. Во осмиот круг Мексиканецот успеа да го помине Џорџ во првиот свиок, но возачот на Мерцедес АМГ во четвртиот ја врати позицијата назад.
Два круга подоцна, Чеко конечно успеа да го претекне Расел и да мисли на Ландо Норис пред себе, кој имаше четири секунди предност.
Во средината на поредокот гледавме интересни битки. Даниел Рикиардо се обиде да го претекне Карлос Саинц Јр., па дури и успеа во првиот свиок, но шпанецот го искористи ДРС-системот во втората зона и се врати на осмото место.
Фернандо Алонсо го претекна Пјер Гасли, а речиси истовремено Ленс Строл успеа да го мине Естебан Окон.
Она што најверојатно беше најубавата битка на Спринтот се случи помеѓу 14 и 15 круг. Фернандо Алонсо го мина Пјер Гасли, но Французинот ја врати позицијата на целната рамниба, но шпанецот повторно нападна од надворешната страна на четвртиот свиок за 11-тото место на табелаѕа. Спектакуларна битка.
Во меѓувреме, Макс Ферстапен создаде контролирана разлика за одржување на водството, но Ландо Норис не беше премногу далеку, а Серџо Перез не успеваше да ја намали разликата во однос на Британецот.
Тркачкото темпо на возачот на Мекларен беше извонредно, со оглед на тоа што неговиот тимски колега значително настрада во средината на поредокот.
На крајот, Макс Ферстапен прекина да ги штеди гумите и ја однесе победата со четири секунди предност пред Ландо Норис, но мора да се каже дека Британецот имаше многу добро темпо и беше девет секунди пред Серџо Перез и 21 секунда пред Џорџ Расел!
Чарлс Леклер заврши на петтото место, успевајќи со подобри гуми на крајот да го помине Луис Хамилтон, кој исто така беше претекнат и од Јуки Цунода. Карлос Саинц Јр. го обезбеди осмото место, блиску до Хамилтон, за да го освои последниот поен во спринтот.
МАКС ФЕРСТАПЕН ПОБЕДНИК НА ПОСЛЕДНИОТ СПРИНТ ЗА ОВАА 2023 СЕЗОНА
11/04/2023 07:13:00 PM
0
Share to other apps