Макс Ферстапен повторно триумфираше на Големата Награда на Абу Даби и ја затвори 2023 сезоната со 19 Победи зад своето име.
Холанѓанецот немаше ривал на последната трка од годината и од стартот силовито тргна кон својата 54-та победа во Формула 1, со што го надмина Себастијан Ветел.
Вицешампион во шампионатот на конструктори е Мерцедес АМГ.
Трката со мала возбуда во борбата за победа. Но, Чарлс Леклер не само што сакаше да биде втор, туку и да му даде на Ферари второ место. Иако Моначанецот се обиде со се, дури и му дозволи на Серџо Перез да го претекне на крајот, за да го постигне тоа, на крајот тоа не беше доволно.
Џорџ Расел се врати на подиумот благодарение на казната од пет секунди за Серџо Перез и тоа беше многу важно за Мерцедес АМГ, бидејќи Луис Хамилтон не можеше да биде подобро пласиран од деветтото место.
Возачите на Мекларен беа петти и шести, а Фернандо Алонсо со седмо место заврши четврти во шампионатот на возачи, изедначен со Леклер. Карлос Саинц Јр., по комплицираната трка, се откажа.
Дваесет и втората и последна трка во 2023 сезоната на Формула 1 Шампионатот. Иако Ред Бул не изгледаше толку силен како на другите патеки, Макс Ферстапен ја забележа неговата дванаесетта Пол позиција во годината.
Неколку возачи беа "надвор од позиција", а борбата за второто кај конструкторите, како и четвртото место кај возачите, сè уште беше отворена. Според Пирели, немаше голема разлика помеѓу едно или две застанувања во бокс, па имавме различни стратегии.
Стартот на Чарлс Леклер беше многу добар и тој дури имаше неколку можности да го претекне Макс Ферстапен, во свиоците 1 и 6, но Холанѓанецот одлично се одбрани.
Оскар Пјастри беше трет, пред Ландо Норис, Џорџ Расел и Јуки Цунода, кој беше претекнат од Фернандо Алонсо на стартот, но потоа успеа да се опорави.
Луис Хамилтон и Серџо Перез веќе беа во Топ 10 пласман, а Карлос Саинц Јр. се најде на тринаесеттата позиција.
За само два круга, Макс Ферстапен успеа да отвори разлика од повеќе од една секунда пред Чарлс Леклер, што не му дозволи на Моначанецот да го отвори ДРС-системот кога тој беше доволен во третиот круг.
Меѓутоа, разликата не се зголемуваше драстично, бидејќи во прв план беше менаџирањето на пневматиците.
Штом можеше да се користи ДРС-системот, Серџо Перез тргна во лов по Луис Хамилтон и лесно го презеде деветтото место. Во четвртиот круг Ландо Норис го престигна Оскар Пјастри за третото место.
Три круга подоцна, во седмиот, Џорџ Расел исто така започна маневар за претекнување на Австралиецот, но не успеа да го заврши.
Возачот на Мерцедес АМГ мораше да почека до единаесеттиот круг за да се искачи на четвртото место, во моменти кога Перез веќе беше во битка со Гасли.
Трката се стабилизира, а возачите почнаа да ги пријавуваат првите проблеми со деградацијата на гумите, што значеше дека влегувањетоп во бокс не е премногу далеку.
Набргу потоа, во дванаесеттиот круг, Серџо Перез го престигна Пјер Гасли, а на крајот од тој круг, Фернандо Алонсо замина во бокс и ги замени жолтите со бели гуми.
Застанувањето на Фернандо го примора Оскар Пјастри да влезе во 14-от круг и имаа убава битка до 9-от свиок, но Австралиецот остана напред.
Во 15-от круг влегоа и Ландо Норис и Џорџ Расел, а застанувањето на Ландо беше 5.1 секунди, по што возачот на Мекларен ја загуби позицијата на патеката. Хамилтон и Окон застанаа во 16-от, Ферстапен на крајот од следниот, а веднаш потоа кон боксевите се упатија Леклер, Перез и Гасли.
Јуки Цунода реши да остане последен на патеката и да го презеде водството на трката, кое го држеше три круга. Јапонецот се упати за промена на гуми во 22 круг.
Макс Ферстапен се врати во водство на трката и имаше четири секунди предност пред Чарлс Леклер, кој беше пред Норис, Пјастри и Алонсо. Серџо Перез со посвежи гуми од своите ривали и го мина Фернандо Алонсо во 25 и Оскар Пјастри во 28 круг.
Влеговме во втората половина од трката и Ферстапен веќе имаше повеќе од шест секунди предност пред Леклер, кој имаше две секунди пред Расел и четири пред Норис.
Серџо Перез веќе беше петти и не многу далеку од позициите на подиумот, па крајот на трката изгледаше интересно. Алонсо, од своја страна, остана нешто повеќе од една секунда зад Пјастри и со заканите на Хамилтон, Цунода зад себе.
Вториот круг на застанувања за промена на гуми го започна Ландо Норис во 34-от круг, еден круг подоцна влезе Џорџ Расел. Кон своите боксеви се упатија и Леклер, Хамилтон, Пјастри и Алонсо.
Шпанецот беше претекнат од Луис Хамилтон во излезниот круг, но веќе во следниот круг возачот на Астон Мартин позицијата од внатрешната страна на шестиот свиок.
Серџо Перез издржа до 43-от, Макс Ферстапен до 44-от круг. Со повторно стабилизирање на трката, Ферстапен имаше повеќе од пет секунди пред Леклер со преостанати 14 круга.
Расел беше три секунди зад Моначанецот и четири секунди пред Норис, но Серџо Перез требаше да "лета" во последниот дел од трката. Мексиканецот го престигна возачот на Мекларен во 48-от круг, по неуспешниот обид круг претходно, кој вклучуваше и контакт помеѓу двата болиди.
Стјуардите одлучија дека Перез го предизвикал судирот и беше казнет со 5 секунди.
Ферстапен во последните кругови немаше никакви проблеми и ја забележа 54-та Победа во Формула 1.
Но, битката се одвиваше зад него бидејќи Леклер покрај второто место ја посакуваше и вицешампионската позиција за Ферари, па го пушти Перез пред себе кој имаше пет секунди казна.
Сепак, потегот се покажа како задоцнет, па Серџо по аплицирање на казната падна на четвртото место, зад Леклер и Расел.
ЛЕТЕЧКИОТ ХОЛАНЃАНЕЦ СО СТИЛ ЈА ЗАВРШИ РЕКОРДНАТА Ф1 СЕЗОНА
11/26/2023 01:29:00 PM
0
Share to other apps