Големата Награда на Лас Вегас започна со сериозен превид на организаторите и безбедносната инспекција на ФИА.
Отварањето на тркачкиот викенд, односно првата тренинг сесија, траеше околу десетина минути поради проблем со шахтите на одводната канализација, кои ги уништија болидите на Карлос Саинц Јр. и Естебан Окон.
Долго најавувана, вложени многу средства за неверојатна реклама надвор од патеката. Наметливи презентации, специјални дизајни на речиси сите кациги и болиди. Но, најсмешно од се е фактот што Либерти Медиа сакаше да ни го "продаде" Лас Вегас како тркачко шоу како ниедно друго.
Факт е дека утринава, околу 05:40 часот по наше време, за среќа најверојатно ретки беа тие што беа будни да го проследат почетокот на шоуто, црвеното знаме се појави на улиците на Лас Вегас и набргу потоа беше потврдено дека сесијата нема да продолжи.
Целосното внимание го одзедоа шахтите на Лас Вегас. Карлос Саинц Јр. беше нивната најголема жртва. Како што соопштија од ФИА по првичната анализа, проблемот се наоѓал во бетонската рамка во која се наоѓаат шахтите, која не била добро затворена и предизвикала оттргнување на капакот, погодувајќи го болидот на Ферари.
Причинетата штета беше огромна, промена на шасија, делови од погонската единицана болидот на Карлос Саинц Јр., како и промена на шасија за Естебан Окон. Финансиските импликации за Ферари се огромни, во ера на ограничени буџети со кои располагаат тимовите.
Но, работите да бидат уште полоши, Шпанецот е казнет со десет позиции поради промената на акумулаторите за складирање на електричната енергија. Неправда.
Но, најдобрата вест е дека нема никакви повреди на самите возачи. Замислете што ќе беше доколку Саинц Јр. беше повреден?!? Шахтата како од шега ја проби шасијата на Ферарито! Најдобрите вести и за ФИА и Либерти Медиа, секако.
Реконструкцијата на патеката предизвика доцнење од два и пол часа на вториот тренинг, кој замислете се одржа пред празни трибини. Публиката плати огромни средства за да гледа 9 минути Формула 1 во живо.
Се поставува прашањето дали беа преземени потребните мерки за да може да се вози безбедно на оваа улична патека?
Тешко е да се поверува во тоа, особено ако се има предвид дека повеќето делови од патека мора да се отворени за градскиот сообраќај. Проблемот со шахтите не е нов, па со оглед на тоа мораше да бидат приоритет при безбедносните проверки, бидејќи тие се најслабата алка на уличните патеки.
Јасно е дека комерцијалните интереси на ФОМ играа основна улога во оваа приказна, но тоа не требаше да се дозволи. Особено, одредени "отстапки" во однос на безбедноста што се прават со одредени градски патеки, Саудиска Арабија е уште една од нив, кои толку многу придонесуваат за касата на Ф1.
Па мораме да ја потенцираме искреноста на Макс Ферстапен, кој можеби е единствениот возач кој не подлегна на "шармот" на Лас Вегас, и изјави дека овој настан е 99% шоу и 1% спорт.
Тото Волф вели поинаку, т.е. дека една E___ Шахта не може да го уништи спектаклот, но што може да се очекува од тимски менаџер кој имаа акции и неговиот приход зависи од ШОУТО, а не од СПОРТОТ.
Многу незадоволни луѓе, без разлика колку Тото Волф ја брани добрата работа на Либерти и промотерите од Лас Вегас. Се сомневаме дека Тото би се чувствувал исто ако беше Мерцедес наместо Ферари.
Не се што се случува во Лас Вегас останува во Лас Вегас. ;)
Фредерик Васер сигурно има право што се чувствува лут. Да ги видите вашите два болиди на врвот на табелата и да знаете дека еден од нив ќе ја започне трката со хендикеп, секако му го дозволуваат тоа.
Овој инцидент го чини Ферари многу пари. Сметката може да биде изразена во милиони, многу веројатни повеќе од два милиони евра. Ова е делот што се гледа. Но, постои и другото, помалку опипливо за публиката од страна.
Колкав процент од оваа сума треба да се повлече од лимитираниот буџет? Односно, колку пари првично доделени за истражување и развој треба да се повлечат за да се користат за поправка? Но, можеби тоа не е најлошото нешто.
Според она што го видовме на вториот тренинг, Ферари може да се надеваат на првиот стартен ред за неделната трка.
Хипотетички, со заеднички сили потенцијално можеби можеа да ја обезбедат Победата. Такво нешто им успеа на уличната патека во Сингапур. Но, не по своја вина еден од нивните болиди е надвор од игра. Можноста за спектакуларен резултат е компромитирана.
Потоа, Ферари е во битка со Мерцедес АМГ за второто место во шампионатот за конструктори, не дека тоа место е нешто значајно, но сепак морално би им значело многу.
Но, да се биде втор или трет на табелата има разлика која се мери во пари, ни помалку ни повеќе туку 10 или 12 милиони евра.
Останува да се види дали Либерти, промоторот на настанот и сопственик на шампионатот ќе ги "испегла" финансиските последици по Ферари, но спортскиот резултат тешко може да биде избалансиран.
Како што гледате, по првиот ден во Лас Вегас, Ферари и Саинц Јр. се најголемите губитници и тоа поради грешка од страна на промоторот.
ЕФТИНА ПРИКАЗНА НА СТАРТОТ ОД НАЈСКАПАТА ТРКА ОД СЕЗОНАТА
11/17/2023 04:30:00 PM
0
Share to other apps