Ферари доминираше на втората тренинг сесија за Големата Награда на Лас Вегас. Чарлс Леклер беше најбрз, а Карлос Саинц Јр. го комплетираше 1-2 пласманот, додека Фернандо Алонсо се позиционираше на третото место на табелата.
По првиот тренинг кој траеше нешто повеќе од девет минути поради проблем со одводните шахти, вториот започна со два и пол часа задоцнување и траеше 90 минути.
Гледачите кои платија многу пари беа замолени да ја напуштат патеката поради логистички проблеми, т.е. навремено отварање на патеката за редовен сообраќај со почеток на работниот ден. Во преносот не беа прикажани празните трибини кои беа речиси целосно пополнети на првиот тренинг.
Асфалтот беше "зелен" и со температура од само 15 степени. Немаше време за губење, па многу возачи брзо излегоа на патеката. Меѓу нив беа Карлос Саинц Јр. и Естебан Окон, кои претрпеа оштетувања на нивните болиди на првата сесија.
Сите возачи имаа можност да комплетираат многу кругови, без некои поголеми проблеми, а разликите се минимални. Фаворитот по дефолт се знае, тоа е тимот на Ред Бул со Макс Ферстапен, иако денес не беа во потрага по врвот на табелата.
Сите останати се тука некаде, а на болидите на Ферари им одговара ладниот асфалт во поглед на долгорочните перформанси. Секако, сè уште имаше чувство дека има простор за напредок, а Лас Вегас има уште многу да открие до крајот на викендот.
Откако увидоа дека оштетувањето на болидот на Карлос Саинц Јр. на првиот тренинг е предизвикано од фактори надвор од негова контрола, стјуардите на Големата Награда на Лас Вегас одлучија дека мора да ги почитуваат барањата на прописите.
Од Мерцедес АМГ најавија дека секој обид за заобиколување на правилата ќе биде блокиран од нивна страна.
Карлос Саинц Јр. мораше да ја замени шасијата, целата Ферари ПЕ, која вклучуваше трет акумулатор за складирање на електричната енергија, а дозволени се два, па Шпанецот на стартот ќе изгуби десет стартни позиции.
ФЕРАРИ ДОМИНИРАШЕ НА ПЕТОЧНИТЕ ТРЕНИНГ СЕСИИ
11/17/2023 11:22:00 AM
0
Share to other apps