Фред Васер го презеде тимот на Ферари во јануари оваа година. Тој доби болиди дизајнирани од Матија Биното и неговите инженери, беше предоцна да се промени нешто во дизајнот, но на крајот на сезоната беше постигнат напредок.
"Ми требаше време за целосно да навлезам во работите. Имаме голем тим, со посебни оддели за шасија и мотор, тоа е многу голема организација. Требаше да се запознам со сите, да увидам како е организирана работата."
"Сега ситуацијата е многу подобра, но имаме уште многу да направиме. Одиме чекор по чекор... Тешкотиите што се појавија минатата сезона беа поврзани со управувањето со болидот, со екстракција на неговиот целосен потенцијал и фино подесување."
"Во минатото, подесувањето на болидите беше многу полесно. Сега може да има огромна разлика помеѓу две различни поставки, што не беше случај порано. Треба да изградиме болид кој е полесен за возење, постабилен и да не ги троши гумите толку агресивно."
"SF23 имаше брзина, нешто штого докажавме во квалификациите, но тој беше инфериорен во тркачко темпо. Се работи за фино подесување. Понекогаш два идентични болиди од истиот тим беа разделени со секунда, тоа беше случајот со Мерцедес АМГ и со нас. Невообичаено."
"Ова сугерира дека болидите работат на работ на нивните можности и секоја ситница може да влијае на тоа дали нивните карактеристики се менуваат во вистинската насока или не."
"Тоа е она што Ред Бул го прави подобро од сите други. Ред Бул го прекина развојот на болидот пред кој било друг, што значи дека следната година ќе направат поголем чекор од останатите. На многу начини, зборуваме за контролирање и стабилност на болидот, што е многу тешко да се процени во симулатор."
"Не можам да бидам задоволен од изминатата сезона. Но, задоволен сум од тоа како тимот одговори на проблемите што се појавија и како се претставивме во втората половина од сезоната."
"Имам чувство дека сме на добар пат. Не правевме нагли движења, туку чекор по чекор се движевме кон целта. Тимот има голем потенцијал, што не прави оптимисти."
П.С. На крајот на годината спроведуваме традиционална анкета за македонските Ф1 фанови.
Секогаш е интересно да се сумираат резултатите од сезоната, да се разбере кои трки и возачи оставиле најголем впечаток, дали се променија мислењата во текот на изминатата година.
Колку повеќе фанови учествуваат, толку пообјективна ќе биде сликата, затоа поканете ги вашите пријатели.

КЛИК НА ФОТКАТА ЗА АНКЕТА