На победничкиот подиум, највисокото скалило беше резервирано за Макс Ферстапен, додека на него имаше место за Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо.
Секоја година Формула 1 прави анкета помеѓу возачите, на која се избира најдобриот меѓу нив. Немаше изненадување, првото место му припадна на Макс Ферстапен.
Секако повеќе од заслужено. Холанѓанецот го постави рекордот за победи во една сезона, 19 од 22, и ги надмина Сена, Прост и Ветел по вкупен број победи, 54.
Тој практично немаше ривал на патеката, освен во ретки прилики, па колегите немаа друг избор освен да му ја доделат оваа нова титула трета година по ред.
Хамилтон, кој заврши на третото место по поени, беше втор, едно место подобро од 2022 година. Фернандо Алонсо ги комплетираше првите три места, по неговите осум подиуми со Астон Мартин.
Се чини дека останатите возачи позитивно ја оценија промената на тимот и неговиот настап со тимот од Силверстоун во текот на оваа прва година од партнерството.
Всушност, тој се искачи за три места во однос на мислењето што го имаа за него минатата година, во неговата последна сезона со Алпин.
Шпанецот се пласираше на четвртото место во генералниот пласман на возачи, но на оваа листа зазема една позиција повисоко, иако неговиот тим во вториот дел од сезоната паѓаше надолу со својата форма.
Се чини дека со подиумот во Интерлагос, и петте подиуми во првите шест трки беа фундаментални за тој да биде високо оценет од своите колеги.
Ландо Норис беше четврти, а Чарлс Леклер на петто место, три места пониско од 2022 година, и тој го има најголемиот пад, на оваа табела.
Карлос Саинц Јр., единствениот возач кој успеа да одземе победа од Ред Бул, се пласираше на шестото место.
Инцидентите во последниот дел од сезоната, особено тој со шахтата во Лас Вегас и тој на вториот тренинг во Абу Даби, го "казнија" Шпанецот да заврши зад својот тимски колега во генералниот пласман, но и на оваа табела.
Седма позиција за Алекс Албон, осма за "дебитантот" Пјастри, кој забележа Спринт победа во Катар и на деветтото место Пјер Гасли со новиот тим на Алпин.
На последното место од ова рангирање заврши Серџо Перез. Зачудувачки е тоа што тој не можеше да го надмине десеттото место откако го завери вицешампионското место зад својот тимски колега.
Се чини дека за колегите, тоа не беше доволно. Најверојатно тие мислат дека тој можеше и требаше да постигне многу повеќе со моќниот RB19, и покрај тоа што беше еден од само тројцата возачи кои успеаја да победат на трка оваа година.
Во анкетата учествуваа сите возачи, освен "самобендисаниот": Алекс Албон, Фернандо Алонсо, Валтери Ботас, Пјер Гасли, Логан Сарџент, Чарлс Леклер, Кевин Магнусен, Ландо Норис, Естебан Окон, Серџо Перез, Даниел Рикиардо, Џорџ Расел, Карлос Саинц Јр., Оскар Пјастри, Ленс Строл, Јуки Цунода, Макс Ферстапен, Џоу Гуанју, Нико Хулкенберг.
Изборот на секој возач од 1 до 10 носи поени како и на секоја Формула 1 трка, од 25 за првиот до еден поен за десеттиот.
П.С. На крајот на годината спроведуваме традиционална анкета за македонските Ф1 фанови.
Секогаш е интересно да се сумираат резултатите од сезоната, да се разбере кои трки и возачи оставиле најголем впечаток, дали се променија мислењата во текот на изминатата година.
Колку повеќе фанови учествуваат, толку пообјективна ќе биде сликата, затоа поканете ги вашите пријатели.
КЛИК НА ФОТКАТА ЗА АНКЕТА