Во пресрет на десетгодишнината од трагичниот инцидент на Алпите, како резултат на кој Михаел Шумахер се здоби со тешки повреди на главата, германското издание Билд објави серија написи за седумкратниот Ф1 шампион.
Првиот дел ги детализира познатите факти за несреќата и открива некои досега непознати детали за третманот на возачот. Според изданието, Шуми добива деноноќна нега.
Неговата сегашна куќа има комплетна медицинска ординација со сета потребна опрема. Тимот кој секојдневно се грижи за него вклучува 15 луѓе, лекари и асистенти.
Билд, исто така, тврди дека на Шумахер му биле пуштани снимки од радио разговори од неговите денови во Формула 1 и дека бил возен околу областа со тркачкиот автомобил Мерцедес АМГ.
Ова било направено за да се стимулира мозокот со звуци кои му се познати од неговата спортска кариера.
Во неодамнешното интервју за La Stampa, поранешниот шеф на Ферари и пријател на Шумахер, Жан Тод, зборуваше за состојбата на Михаел:
"Редовно го посетувам и гледавме трки на телевизија. Но, на прашањето "Како е тој?" невозможно е да се најде одговорот бидејќи можеби одговорот не постои."
"Подобро е сè да остане приватно. Единствено што можам да кажам е дека го сакам неговото семејство и нивното право на приватност мора да се почитува."
Поврзани линкови:
МИХАЕЛ ШУМАХЕР - ДЕВЕТ ГОДИНИ ОД СКИЈАЧКИОТ ИНЦИДЕНТ
ВИСТИНАТА ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА МИХАЕЛ ШУМАХЕР
МИХАЕЛ ШУМАХЕР ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА ПО СКИЈАЧКА НЕЗГОДА НА ФРАНЦУСКИТЕ АЛПИ
ОБЈАВЕНИ ДЕТАЛИ ЗА ЛЕКУВАЊЕТО НА МИХАЕЛ ШУМАХЕР
12/28/2023 11:42:00 PM
0
Share to other apps