Мерцедес-Бенц ќе продолжи да го снабдува Вилијамс со погонски единици и техничка поддршка до 2030 година.
По Мекларен, Вилијамс стана вториот клиентски тим на Мерцедес-Бенц кој го потврди продолжување на договорот до 2030 година, за четири сезони по промената на регулативите шро ќе се случи во 2026 година.
Тоа е вториот и веројатно последниот клиентски тим кој ќе ја има ѕвездената марка во текот на следните регулативи.
Астон Мартин заминува и ќе започне нова ера со Хонда како фабрички тим.
Џејмс Воулс, тимски шеф на Вилијамс: "Уживавме во долгорочно партнерство со Мерцедес-Бенц и воодушевени сме што оваа соработка ја проширивме во следната ера на Формула 1."
"Експертизата, поддршката и технологијата што Мерцедес ги носи е совршено усогласена со нашите цели на среден и долг рок."
"Овој долгорочен договор со Мерцедес е позитивен чекор и е дел од нашите стратешки цели за иднината, додека ние сè уште ќе ја задржиме нашата дизајнерска и производствена експертиза."
Развојот на новата 2026 ПЕ на Мерцедес-Бенц е започнат од средината на 2022 година во Бриксворт. Нивното присуство во тимови на клиенти ќе овозможи побрзо учење откако овие енергетски единици ќе излезат на патеката во 2026 година.
Хајвел Томас, извршен директор, Мерцедес-АМГ погонски единици со високи перформанси: "Вилијамс е историски Ф1 тим и во текот на нашето партнерство, заедно уживавме забележителни успеси од првата соработка во 2014 година."
"Еден од нашите најгорди моменти во сегашната турбо хибридна ера беше обезбедување на четирите највисоки позиции на 20214 Австриското ГП со Вилијамс заслуженото на трето и четврто место."
"Нашите работни односи со Вилијамс само се зајакнаа во текот на изминатата деценија и со нетрпение очекуваме да продолжиме со тој продуктивен пристап додека се движиме кон следната генерација на погонски единици во 2026 година."
Вилијамс стана клиентски тим на Мерцедес на почетокот на актуелната турбо хибридна ера и оттогаш освои 16 места на подиумот. Во овој период, тимот заврши на третото место во шампионат за конструктори во 2014 и 2015 година и минатата година ја имаше својата најуспешна сезона од 2017 година, завршувајќи на седмото место во генералниот пласман.
ОФИЦИЈАЛНО: ВИЛИЈАМС И МЕРЦЕДЕС-БЕНЦ ЈА ПРОДОЛЖИЈА СОРАБОТКАТА
1/08/2024 11:16:00 PM
0
Share to other apps