Мерцедес АМГ влегува во својата 15-та сезона во Формула 1 шампионатот со Џорџ Расел и Луис Хамилтон зад воланот на W15, најновиот 2024 болид.
Тото Волф, тимскиот шеф и ко-сопственик даде свое видување за првата трка од сезоната.
"Новата сезона носи нова можност и возбудливо е да се започне нова кампања со сета драма што таа неизбежно ќе ја донесе."
"Во претходните две сезони, првата трка во годината ја започнувавме со заостанување. Имаше вродена добрина во W13 и W14, но честопати се покажа премногу тешка за отклучување."
"Тоа беа неконзистентни болиди. Затоа, нашата главна цел за 2024 година беше јасна: да создадеме конзистентна и стабилна платформа. Болид кој би реагирал како што очекуваме."
"Болид што возачите ќе можат постојано да го форсираат. Болид што можеме да го развиваме во текот на годината, знаејќи дека носиме реални перформанси на патеката."
"Во текот на овие први две трки, ќе добиеме многу подобро разбирање за работата што ја завршивме. Сепак, по претсезонското тестирање, можеме да извлечеме некои првични заклучоци."
"Возачите се многу позадоволни од целокупниот бaланс. Основната платформа работи како што очекувавме. Изгледа дека корелацијата со нашите симулации е точна. Сето ова е охрабрувачки. Тоа е добра основа на која можеме да се изградиме."
"Нашиот фокус на тестот беше да научиме за болидот што го имаме. Нашето внимание сега може да се сврти кон фин тјунинг на перформансите за тркачкиот викенд во Бахреин."
"Ред Бул, како што е и очекувано, изгледа дека ќе биде на чело на гридот. Нивната конкуренција изгледа дека е многу изедначена. Наскоро ќе добиеме идеја за тоа каде се сместуваме во тоа. Задачата што ни претстои е да ја намалиме разликата со водечкитe."
"Сепак, каде и да бидеме, целиот тим ужива во предизвикот што претстои. Има опипливо чувство на енергија што тече низ фабриките и тие покрај патеката. Годината што е пред нас е долга. Ќе има многу подеми, заедно со неизбежните падови. Но, затоа сакаме трки. И сега, едвај чекаме да стартуваме."
ТОТО ВОЛФ - НАЈАВА ЗА 2024 БАХРЕИН ГП
2/27/2024 01:19:00 PM
0
Share to other apps