Од својата база во Енстоун, Алпин Мотоспорт ги презентираше своите 2024 адути за Формула 1 шампионатот и шампионатот во издржливост (WEC).
За Формула 1, Алпин тимот се подготвува за рекордната сезона од 24 трки со Естебан Окон и Пјер Гасли кои се подготвени да седнат зад воланот на целосно ревидираниот A524, предводен од агресивната дизајнерска филозофија која е насочена кон максимизирање на неговите перформанси во следните две сезони.
Ова е втора последователна сезона во францускиот тим за французите Естебан и Пјер, на кои како резервен возач им се придружува Џек Дуан.
Во шампионат на издржливост, WEC, Алпин ја започнува својата прва сезона во категоријата Hypercar како фабрички тим со два автомобили A424, чија возачка постава е надополнета со Мик Шумахер.
Германецот за прв пат ќе се проба во оваа категорија на трки, а ќе се надополнува со искусни возачи во автомобилот бр. 36, Николас Лапиер и Матие Ваксијер.
Во автомобилот со број 35, новите засилувања Фердинанд Хабсбург и Пол-Луп Чатин, му се придружуваат на младиот талент Чарлс Милези кој се трка втора сезона со тимот. Жил Гунон служи како резервен возач за 2024 сезоната.
Обојувањaтa на A524 и A424 се модерни и впечатливи, главно инспирирани од партнерството на Алпин со современиот уметник Фелипе Пантоне. Црни во основата и нагласеност со живописни обрасци на алпско сино, дизајнот е уникатен и привлечен и ги изразува идентитетот на Алпин Мотоспорт.
BWT влегува во третата година од партнерството со Ф1 тимот, а нивното главно обележје розевата боја, е инкорпорирана во новото обојување на A524. На осум трки оваа сезона, повеќе ќе доминира розова боја за дополнително да се нагласи силното партнерство на Алпин со BWT, компанија која е фокусирана на намалување на пластиката за еднократна употреба во светот.
Заедно со BWT, Алпин им оддад почест и на својата флота на лојални партнери во моторспортот, како BP, Castrol и Renault E-Tech и нивниот нов спонзор за 2024 година, H. Moser & Cie. Партнерот за мерење време е исто така прикажан на A424, како и неговиот партнер Elf.
На промоцијата присуствуваа извршниот директор на Групацијата Рено, Лука Де Мео, потврдувајќи ја посветеноста на Групацијата Рено кон мотоспортот преку брендот Алпин, и извршниот директор на Алпин, Филип Криф.
А424 ќе се упати кон Катар за воведот во сезоната и првата трка подоцна овој месец, додека А524 ќе дебитира на патеките на 20 Февруари пред тридневниот тест во Бахреин од 21 до 23 февруари.
Бруно Фамин, заменик-претседател на Алпин Мотоспорт и тимски шеф на Алпин Ф1: "Одличен момент за Алпин Мотоспорт да се обедини и официјално да ги презентира своите програми за 2024 сезоната."
"Сигурно е уникатен момент да се има и болидот на Формула 1 А524 и хиперавтомобилот А424, заедно со сите возачи, во иста просторија, додека двата проекти се подготвуваат за она што несомнено ќе биде напорна и интензивна 2024 година."
"Да се видат вистинските автомобили е доказ за напорната работа спроведена во нашите фабрики од нашите илјадници талентирани вработени во Обединетото Кралство и во Франција."
"Следната фаза на нашето патување е нивно деби на патеките и развивање на поголема динамика и начин на размислување од сите наши тимови. Сите ние со нетрпение очекуваме да ја продолжиме напорната работа за да го донесеме успехот за нашиот бренд."
Мет Харман, технички директор, Акпин Ф1: "Пристапот кон A524 беше агресивен, но намерен во фактот што создаваме поширок опсег за да додадеме перформанси на болидот."
"Ние се фокусиравме на учење и реагирање на она што сме го научиле, а не на резултати. Проектот беше храбар, при што се фокусиравме на реализација на концепти, кои имаме за цел да ги додадеме на болидот."
"Изградивме силна платформа за да додадеме перформанси и си поставивме цели кои треба да ги исполниме. Некои елементи ги форсиравме до нивниот лимит, а во некои случаи и над тоа."
"Сето тоа е во согласност со нашиот пристап и токму она што го имаме зацртано да го постигнеме за да напредуваме со овој проект на најдобро можно ниво."
Естебан Окон: "Се подразбира дека сум супер возбуден за новата сезона и едвај чекам да скокнам назад во болидот и повторно да го возам. Овој период од годината е возбудлив бидејќи е моментот кога гледаме што произведе тимот."
"Сум видел цртежи, сум бил во симулаторот, но, очигледно, сè уште не сум го видел и почувствувал вистинскиот болид. Тоа ќе почека до филмскиот ден, но денес е убав момент за тимот, бидејќи е кулминација на илјадници часови напорна работа."
"Како возач, најпријатен момент е кога за прв пат ќе влезете во новиот болид и ќе го исклучите ограничувачот на брзина во боксевите. Тоа време наближува и едвај чекам да се запознаам со A524."
Пјер Гасли: "Би рекол дека сум во многу подобра позиција, сега, отколку на презентацијата пред 12 месеци. Ги запознав сите луѓе со кои работам, ги научив сите процеси и како да го извлечам најдоброто од луѓето околу мене и од себе."
"Убаво е да имаме континуитет и напредок вррз основите што ги создадовме минатата година. Се чувствувам уверен во тимот што го имам околу мене. Сите ние се развивавме во текот на минатата година."
"Сега сум уверен дека можам веднаш да нападнам и да го максимизирам целосниот потенцијал на тимот и болидот."
АЛПИН А524 - АГРЕСИВЕН ПРИСТАП ЗА ПОГОЛЕМИ ПЕРФОМАНСИ
2/07/2024 04:24:00 PM
0
Share to other apps