Презентацијата беше виртуелна,
Во Астон Мартин имаа други планови за AMR24 кој веднаш по презентацијата дебитираше на патеката Силверстоун.
Прес-службата објави соопштение со дигитални фотографии и однапред снимени видеа, што стана вообичаена практика во последните години.
British Racing Green продолжува да биде главен протагонист во обојувањето и на AMR24, со некои детали во lime зелена боја. Добрата вест е што не видовме уште еден "карбон" болид.
AMR24 е првиот болид изграден во новата база на тимот во Силверстоун. Филозофијата на минатогодишниот болид е задржана, но многу делови се оптимизирани за да го направат болидот поефикасен, полесен и побрз.
Мајк Крак, тимски шеф: "Задоволни сме да го презентираме новиот AMR24, резултат на напорна работа на целиот тим во нашиот нов AMR технолошки кампус. Сигурен сум дека тоа ќе ни дозволи да го направиме следниот чекор напред."
"По завршувањето на последната трка од минатата сезона, се фокусиравме на подобрување во сите области, фокусирајќи се на областите кои навистина се важни."
"Секој детал од болидот е ажуриран и подобрен, земајќи ги предвид лекциите од минатата сезона. 2023 година беше нашата најдобра сезона до сега и нашата цел за новата сезона е редовно да освојуваме поени, да се качиме на подиумот и да се бориме за нашата прва победа."
Ден Фалоус, технички директор: "Дури и со стабилни регулативи, има безброј можности за подобрување на болидот. Би рекол дека AMR24 е многу значајна надградба од минатогодишната шасија, па дури и надворешните разлики се прилично забележливи."
"Се фокусиравме на сите области на аеродинамиката, а работевме и на некои компоненти на шасијата. Има многу нови делови и добивме многу квалитетна основа за понатамошно доработка."
"Дизајнот на шасијата е нов, а ажурирани се и носот, предното крило, предната и задната амортизација. Сакаме да имаме можност за развој и AMR24 е дизајниран да го прави токму тоа."
"Друга област на која посветивме посебно внимание е проширување на опсегот на поставките на болидот. Се обидовме да обезбедиме дека ќе може ефективно да работи на патеки со различни карактеристики."
"Сакаме нашиот болид да биде поразновиден. Веруваме дека со AMR24 имаме идеална платформа за развој, што ќе го правиме во текот на сезоната и дека новиот болид ќе ни овозможи да се бориме за високи резултати во текот на целиот шампионат."
"Ова е првиот болид што се произведува во кампусот за нова технологија на Астон Мартин во Силверстоун, и тоа е исто така голема работа. Сега овде, во тимската база, ја имаме сета потребна производствена опрема што претходно ја немавме."
"Сите канцеларии на инженерскиот оддел се наоѓаат овде, а инженерите од неговите различни одделенија можат многу поефикасно да комуницираат во текот на работниот процес. Ова ни овозможи да дејствуваме покохезивно, и се надеваме дека како резултат успеавме да изградиме побрз болид." Астон Мартин ја доживеа својата најуспешна сезона до сега во 2023 година, обезбедувајќи осум пласмани на победничкиот подиум и 280 поени на патот кон финишот на петтото место во шампионатот за конструктори.
За 2024 година, двократниот шампион Фернандо Алонсо и Канаѓанецот Ленс Строл ја предводат возачката постава поддржана од тест и резервниот возач Фелипе Другович, Стофел Вандорн и амбасадорот на тимот Педро де ла Роса.
Астон Мартин, исто така, ќе има свој болид и во Ф1 академијата, а во него ќе биде швајцарката Тина Хаусман.
Фернандо Алонсо: "Неверојатно сум горд на тимот и она што го постигнавме за кратко време. Не се работи само за напредок на патеката, туку и за инвестиции во сите области, особено во новата база."
"Отсекогаш го сакав чувството на почеток на новата сезона, а оваа година ја одбележувам мојата 21-ва сезона како возач во Формула 1."
"Целиот тим работеше напорно за да го подготви AMR24 за новата сезона, но има уште многу прашања на кои треба да се добијат одговори на тест сесијата и на првите трки."
"Со нетрпение очекувам да се вратам зад воланот на нашиот болид и да ја започнам мојата втора сезона во зелена боја."
Ленс Строл: "Оваа зима има вистински жагор во нашата база. Сè уште сме млад тим, но брзо растеме. Кога шетате низ кампусот, чувствувате глад за победи и доверба во успехот, ова е заслуга на сите наши специјалисти. Сите сакаме да се надоврземе на минатогодишните успеси. Со нетрпение го чекам почетокот на сезоната."
Откако го презентираше новиот болид, Астон Мартин веднаш го стави во акција на патеката во Силверстоун.
Во рамките на дозволените два филмски денови за оваа година, на тимовите им е дозволено да извозат до 200 километри, што е двојно повеќе од претходно.