Фернандо Алонсо денес беше зафатен со медиумите, а покрај за новиот адут на Астон Мартин беше запрашан да го коментира трансферот на Луис Хамилтон во Ферари и евентуалното негово заминување во Мерцедес АМГ
Шпанецот вели дека бил изненаден од заминувањето на Луис од Мерцедес АМГ и вели дека добро се сеќава дека Британецот ги немал истите детски соништа да вози за Ферари пред само два-три месеци.
Изненадувањето е од фактот што тимот на Мерцедес АМГ изгледаше обединето однадвор, но тој се надева дека Хамилтон ќе ужива во неговото време облечен во црвено.
"Тренирав тој ден, па го пропуштив целиот стрес, доцнев еден ден со таа вест. Тоа беше изненадување, нема да лажам, но не поради самата промена. Повеќе од се, затоа што, барем однадвор, се чинеше дека е многу близок со Мерцедес, тој беше многу лојален кон нив, па така да може да се рече дека веста беше нешто неочекувано."
"Не знам кои се причините за овој потег, не обрнав многу внимание и веројатно следната зима тоа ќе биде поголем проблем. Останува уште една година, па не потрошив многу време на размислување за тоа."
"Тоа не беше неговиот детски сон пред 12 месеци или пред само два месеци, мислам дека тоа беа сосема поинакви соништа."
"Победата облечен во црвено секогаш го носи тој специфичен шмек, но и покрај годините може да даде дополнителна предност на Ферари за повторно да се борат за шампионските титули."
"Тие имаат многу брз болид веќе неколку години и се бореа за победи, па можеби Луис може да го обезбеди она дополнителното нешто што треба за борба за титулите."
Договорот на Фернандо Алонсо со Астон Мартин истекува на крајот на 2024 година. Фернандо има намера да продолжи да работи со тимот од Силверстоун доколку одлучи да остане во Формула 1.
"Разбирам дека се наоѓам во единствена ситуација. Сега во Формула 1 има тројца шампиони, три брзи шампиони, бидејќи во минатото имавме уште неколку шампиони кои веројатно не беа толку мотивирани. И очигледно сум единствениот од тројцата шампиони кој нема договор до 2025 година, па затоа сум во добра позиција."
"Во исто време, кога и ако одлучам да ја продолжам кариерата, првиот и единствен тим со кој ќе почнам преговори ќе биде Астон Мартин. Тие ќе ми бидат единствениот приоритет."
"Меѓутоа, ако не се договориме и сакам да продолжам да се натпреварувам во Формула 1, веројатно ќе бидам привлечен за другите тимови кои ја видоа мојата брзина и мојата посветеност минатата година."
"Претходно, реков дека сум подготвен да се тркам до 41 или 42 години, но сега мислам дека ми остануваат уште неколку сезони. Ако имате мотивација и желба да преземете обврски, тогаш можете да се тркате до 48-49 години или дури до 50. Но Формула 1 бара целосна посветеност и јас се откажав од мојот живот за да се посветам на Формула 1."
"Среќен сум со тоа и можам да продолжам да се тркам уште неколку години, но не знам дали ќе можам да се натпреварувам до 50 години, со оглед на големиот календар. Поентата не е дека ќе ми стане тешко, туку дека можеби имам други интереси во животот."
Зборувајќи за изгледите на тимот во 2024 година, Фернандо рече: "Минатата година на некои патеки ги видовме нашите слабости и недостатокот на конзистентност. Тимот се обиде да ги елиминира, и јас сум задоволен од овие промени. Ќе видиме што направивме на патеката."
АЛОНСО ЗА ХАМИЛТОН: "ПРЕД САМО ДВА МЕСЕЦИ ТОА НЕ БЕШЕ НЕГОВИОТ СОН."
2/12/2024 01:42:00 PM
0
Share to other apps