Хас Ф1 Тимот го прикажа динамичниот изглед на најновиот нивни болид, именуван како VF-24, со кој ќе се борат за што подобар пласман во новата сезона на Формула 1 шампионатот.
Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен остануваат нивни возачи, а новиот болид ќе дебитира на патеката Силверстоун во недела на 11 февруари, со Нико Хулкенберг зад неговиот волан.
Тимот потоа се упатува кон Бахреин каде ќе се одржи пред сезонската тест сесија од 21-23 февруари.
Презентацијата беше направена со објавување на дигитални рендери од VF-24 низ платформите за социјалните медиуми на тимот, како и нивната прес служба.
Обојувањето на VF-24 е еволуција на минатогодишната претежно црна боја со придружни црвени и бели акценти.
Џин Хас, претседател на Хас Ф1: "Со нетрпение очекувам да го видам VF-24 на патеката. Ова очекување го делат нашите партнери и целиот тим."
"Имаме одлично возачко дуо во Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен и нивното искуство ќе биде непроценливо бидејќи планираме да го развиваме болидот во текот на годината."
"Ја користиме вонсезоната за да ги дотераме нашите работни процеси и на крајот да станеме подобри. Наскоро ќе дознаеме како стојат работите."
Ајао Комацу, тимски шеф на Хас: "Реални сме во нашите очекувања за VF-24 на почетокот на сезоната, но презентацијата на новиот болид е сепак возбудлив момент."
"Имаме многу работа пред нас за да напредуваме и да ги подобриме резултатите, но сите во тимот се исклучително мотивирани и сакаат да го видат VF-24 на патеката."
"Знам дека во Бахреин ќе се обидеме да ги поминеме тест деновите што е можно поефикасно за да испробаме различни технички решенија. Едвај чекаме да се фатиме за работа и да ја започнеме сезоната."
Хас веќе објави дека Андреа де Зордо ќе биде замената на Симоне Реста во 2024 сезоната и ќе ја преземе функцијата технички директор, по една од најкомплицираните зими за тимот, со неколку важни заминувања, вклучувајќи го и Гинтер Штајнер, долгогодишниот тимски шеф.
Последните неколку недели не беа лесни времиња за Хас, па тимот ја искористи денешната презентација на VF-24 за да ги смират внатрешните турбуленции што се случуваат по завршувањето на минатата сезона.
Андреа Де Зордо е роден во Фаенца, Италија и работеше во Минарди, една година пред купувањето од страна на Ред Бул, по што тој замина во Мекларен, каде остана пет години.
Потоа, тој се приклучува на Ферари каде останува една деценија, и во истото време кога Реста замина во Хаас, тој ја презеде улогата на главен дизајнер. Улога која, пак, сега е празна и за која Хас ќе треба да најде замена.
ХАС VF-24 - МНОГУ РАБОТА ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ
2/02/2024 03:16:00 PM
0
Tags
Share to other apps