Луис Хамилтон се сели во Ферари од 2025 година. Формула 1, како и самиот живот, понекогаш е непредвидлив. И многу повеќе ако е вклучена политика.
Неочекувана вест како гром од ведро небо, и како и секоја што потекнува од Ферари, мора да "протече" пред самото официјализирање од нивна страна, но такви се италијанците, не знаат да чуваат тајни.
Актуелниот договор на Хамилтон со Мерцедес АМГ треба да истече на крајот на 2025 година, но тој ќе го напушти тимот по оваа 2024 сезона и ќе го замени Карлос Саинц Јр. во Ферари.
Во базата на Мерцедес АМГ во Бракли, Тото Волф одржа брифинг за вработените во тимот, при што најави заминување на Луис Хамилтон на крајот на 2024 година.
Дописникот Рејчел Брукс го објави ова во живо на британскиот Sky Sports News.
"Можеме да потврдиме дека Луис Хамилтон ќе се приклучи на Ферари во 2025 година. На вработените во Мерцедес АМГ во Бракли штотуку им беше кажано за ова на состанок."
"Брифингот траеше околу 10 минути. Видовме како пристигнуваат вработени и за 10-14 минути ја напуштаат зградата. Им беше кажано дека Луис Хамилтон ќе го напушти Мерцедес АМГ на крајот на 2024 година."
Целосно неподготвен за оваа вест беше и Тото Волф кој присуствуваше на состанокот преку видео повик, покажувајќи колку е неочекувана веста за сите во базата на Мерцедес АМГ.
Тото Волф, тимски шеф на Мерцедес АМГ: "Во однос на комбинацијата тим/возач, нашиот однос со Луис стана најуспешен што спортот го видел, и тоа е нешто на кое можеме да гледаме со гордост."
"Луис секогаш ќе биде важен дел од историјата на моторспортот на Мерцедес АМГ. Сепак, знаевме дека нашето партнерство ќе дојде до природен крај во одреден момент, а тој ден сега дојде."
"Ја прифаќаме одлуката на Луис да бара нов предизвик, а нашите опции за иднината се возбудливи за размислување. Но, засега, ни претстои уште една сезона, и фокусирани сме на трките за да имаме силна 2024 година."
Ова би значело дека Мерцедес АМГ нема перспектива да направи добар болид, но и голема наша победа и потврда дека сме во право кога велиме дека шампиончето има нула карактер како човек!
Толку посакуваното семејство кое му значеше толкуууууууууу многу, пред само неколку месеци, го напушта во првата укажана прилика!
Ферари кратко соопшти дека Луис Хамилтон ќе му се приклучи на тимот во 2025 година, со повеќегодишен договор.
Потписот на Луис Хамилтон е добра или лоша вест за тимот од Маранело?!? Тоа би бил "последниот танц" за шампиончето, кој на тој начин би ја исполнил интимната желба на секој возач во врвниот мотоспорт, да го облече дресот на црвениот тим.
За да се пресели во Ферари ќе мора да го раскине договорот со Мерцедес АМГ, што го потпиша минатото лето. Во секој случај, за Хамилтон тоа би значело да го направи она што Аиртон Сена никогаш не го постигна, да го запечати своето време во Формула 1 облечен во црвено.
Луис Хамилтон: "Имав неверојатни 11 години со овој тим и многу сум горд на она што го постигнавме заедно. Мерцедес е дел од мојот живот уште од мојата 13-та година. Тоа е место каде што пораснав, така што донесувањето одлука да заминам беше една од најтешките одлуки што некогаш сум морал да ги донесам."
"Но, вистинското време е да го направам овој чекор и возбуден сум што ќе преземам нов предизвик. Ќе бидам вечно благодарен за неверојатната поддршка од моето семејство Мерцедес, особено Тото за неговото пријателство и лидерство и сакам заедно да завршиме на високо ниво."
"100% сум посветен да ги испорачам најдобрите перформанси што можам оваа сезона и да ја направам мојата последна година со Сребрените стрели, да остане за паметење."
Европскиот печат веќе дебатира за причините за преселбата на Луис Хамилтон во Ферари и според нив како главна причина може да биде познатиот инженер Лоик Сера.
Додека беше во Мерцедес АМГ, Сера не се согласуваше со насоката што ја зеде Мајк Елиот за крајно неуспешните W13 и W14.
Сера потоа беше привлечен во Ферари, каде што ќе започне со работа од 1 јануари 2025 година, освен ако двата тима не се договорат за предвремено завршување на задолжителниот одмор.
Заедно со Сера, уште неколку специјалисти на Мерцедес АМГ се преселија во Маранело. Како ќе се развива ситуацијата ќе покажат наредните денови.
За крај да ја пренесеме реакцијата на Kарлос Саинц Јр.: "Со оглед на денешната вест, Ферари и јас се разделуваме на крајот од 2024 година. Не чека долга сезона пред нас, како и секогаш, ќе дадам се од себе за тимот и тифозите од целиот свет. Вести за мојата иднина ќе бидат објавени во догледно време."
ОФИЦИЈАЛНО: ХАМИЛТОН ВО ФЕРАРИ ОД 2025 ГОДИНА!
2/01/2024 11:45:00 AM
0
Share to other apps