Поранешниот возач на Формула 1, Фелипе Маса, поднесе тужба до Високиот суд во Лондон против ФИА, ФОМ и Берни Еклстоун, барајќи финансиска отштета.
Во август 2023 година, Фелипе Маса официјално ги извести ФИА и Формула 1 за неговата намера да преземе правна постапка поради нивниот дослух и неактивност во текот на сезоната 2008 година по несреќата на Нелсон Пике Јуниор.
Маса инсистира дека резултатите од Големата награда на Сингапур во 2008 година треба да бидат поништени.
Во договор со бразилецот, адвокатите и дадоа рок на Формула 1 и на ФИА до средината на октомври да одговорат на барањата и да го решат случајот надвор од судот. ФИА и ФОМ побараа продолжување до 15 ноември. Ова барање беше одобрено од Маса, но оттогаш нема јавни изјави на оваа тема.
Бразилската адвокатска фирма, која го застапува Маса, објави соопштение дека случајот е поднесен во Вишиот суд во Лондон на 11 март, бидејќи проблемот не може да се реши со преговори.
"Господин Маса бара да се признае дека ФИА ги прекршила сопствените правила со тоа што не успеала навремено да го истражи излетувањето на Нелсон Пике Јуниор на Големата Награда на Сингапур во 2008 година и дека федерацијата не постапила правилно."
"Господин Маса можеше да го освои шампионатот таа година. Г-дин Маса бара компензација за значителната финансиска загуба што ја претрпе како резултат на неуспехот на ФИА да дејствува, во што беа вмешани и г-дин Еклстоун и ФОМ."
"Обидите да се најде мирно решение беа неуспешни, па г-дин Маса немаше друг избор освен да започне правна постапка. Неодамнешните настани природно покажаа дека прашањата за транспарентност и интегритет во Формула 1 остануваат релевантни и јасно е дека е потребна сериозна работа за да се врати кредибилитетот и долгорочната иднина."
"Неодамнешните настани" споменати во текстот се чини дека се поврзани со постапките на претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулејем, кој е под истрага.
Фелипе Маса наводно бара отштета од 60 до 150 милиони фунти. Во моментот на објавувањето, ФОМ одби да коментира.
ФЕЛИПЕ МАСА ГИ ТУЖИ ФИА, ФОМ И БЕРНИ ЕКЕЛСТОУН
3/11/2024 09:20:00 PM
0
Share to other apps