Откако Кристијан Хорнер беше ослободен од обвиненијата за недолично однесување во интерната истрага, некој од Ред Бул, на раководството на ФИА и Формула 1, тимските шефови и новинарите им ги испрати сите докази во овој случај, и пожарот повторно се разгоре.
Синоќа по трката, таткото на Макс Ферстапен, Џос, во интервју за британскиот Дејли Меил го повика лидерот на тимот да поднесе оставка.
"Има тензија во тимот се додека тој останува на својата функција. Тимот е во опасност од распад. Ова не може да продолжи. Тој ја глуми жртвата, иако самиот е причината за проблемите."
Борбата за моќ во Ред Бул продолжува со вмешување на родителите. Кога тоа последен пат се случи Луис Хамилтон остана без својот "менаџер".
Хорнер, останува на ставот дека нема потреба да коментира анонимни шпекулации.
Ова може да значи дека не е баш така мирно во тимот на Ред Бул. Новите гласини пристигнуваат веднаш откако Ферстапен, повторно, лесно стигна до Победата и се етаблираше како еден од најсериозните кандидати за шампионската титула.
Серџо Перез и останатите тимови се чини се уште се далеку од перфомансите на Макс, особено ако се земе предвид дека Холанѓанецот победи со 22 секунди предност пред својот тимски колега.
Според истиот медиум, Јос Ферстапен категорично ги демантираше гласините дека тој стои зад гласините кои имаат за цел да го отстранат Хорнер од неговата позиција во Ред Бул.
"Тоа нема никаква смисла, зошто би го направил тоа кога на Макс му оди толку добро овде?"
Засега, се чини дека тимскиот шеф на Ред Бул е упорен во своите намери да продолжи со својата работа. Значи, прашањето е дали ќе го видиме Хорнер во Саудиска Арабија следната недела? Се покажува дека тоа ќе биде така.
Всушност, тој самиот вели: "Да, апсолутно... инаку не би бил тука. Ние сме многу силен тим, имаме огромна поддршка и имаме и огромни партнери и големи акционери зад нас. Не постигнувате ваков резултат ако не сте обединети!"
ФЕРСТАПЕН СЕНИОР: ХОРНЕР ТРЕБА ДА ДАДЕ ОСТАВКА, ЗА ДОБРОТО НА ТИМОТ
3/03/2024 02:23:00 PM
0
Share to other apps