Макс Ферстапен е победник на трката за Големата Награда на Саудиска Арабија. Холанѓанецот го презеде водството под првиот свиок и му требаше само малку напор да го престигне Ландо Норис откако се најде на второто место по излегувањето на безбедносното возило.
Макс ја забележа 56-тата Победа во Формула 1, а Серџо Перез беше на висина на задачата за нов 1-2 пласман на Ред Бул во трка со малку возбудувања. Ред Бул се уште се во друга лига.
Единственото нешто што му побегна во оваа прилика е најбрзиот круг, кој го забележа Чарлс Леклер во последниот круг.
Доминацијата на Ред Бул може да се види не само во разликата помеѓу Макс и останатите, туку и со леснотијата што ја имаше Серџо Перез да го претекне и ја зголеми разликата помеѓу него и Моначанецот за да биде безбеден по казната од 5 секунди. Мексиканецот ја доби оваа казна поради небезбедно ослободување од бокс.
Оскар Пјастри го обезбеди четвртото место, откако помина добар дел од трката зад Мерцедес АМГ-то на Луис Хамилтон. Фернандо Алонсо, со Астон Мартин кој се чинеше дека нема ритам за да биде во таа група, повторно блесна со петтото место, пред Џорџ Расел и Оливер Берман кој имаше одлично деби, па дури и ги победи Ландо Норис или Луис Хамилтон.
Топ 10 пласманот го комплетираше Нико Хулкенберг, кој го одвои првиот бод за тимот на Хас оваа сезона, и тоа се благодарение на неговиот тимски колега кој ги "забавуваше" неговите ривали за има доволно време за безбедно влегување во бокс.
РЕД БУЛ СО ДВОЈНА ПОБЕДА, СИТЕ СИМПАТИИ ЗА ОЛИ БЕРМАН
3/09/2024 05:48:00 PM
0
Share to other apps