2024 година е 20-та сезона на Ред Бул во врвот на мотоспортот.
На тој пат, имаше многу истакнати моменти, вклучувајќи го нивниот прв подиум во Монако 2006 година, нивната прва победа во Кина 2009 година, како и Шампионските Титули во 2010, 2011, 2012, 2013, 2021, 2022 и 2023 година.
Победата на Макс во Бахреин беше 50-та победа за тимот од почетокот на 2021 сезоната, во распон од само 67 трки.
Чеко беше победник на минатогодишната трка за Големата Награда на Саудиска Арабија и ги освои своите први две пол-позиции во кариерата на патеката во 2022 и 2023 година.
Последните пет победи на Чеко се на градски патеки. Макс може да достигне 100 пласмани на победничкиот подиумако ја финишира саботната трка во Топ 3 во Џеда.
Денес тимот на Ред Бул и брендот за спортска облека Касторе објавија дека постигнале рекорден договор, 200 милиони долари, за продолжување на успешното партнерството.
Новиот договор со проширена соработка ја вклучува, академијата на млади возачи и членките на Ред Бул во Ф1 акдемијата за девојки.
Кристијан Хорнер, извршен директор и тимски шеф на Ред Бул: "Од почетокот на нашата соработка со Касторе која започна минатата година, знаевме дека најдовме партнер чија посветеност на иновациите и напредното инженерство одговараше на нашата сопствена заложба, а довербата во нив се зголеми во текот на изминатите 12 месеци, што доведе до овој рекорден нов договор."
"Задоволни сме што вербата на Касторе во тимот се прошири и на нашите активности во Ф1 Академијата. И тоа е револуционерна иницијатива и да се има Касторе на своја страна да им помогне на нашите возачи во таа серија е огромен бонус."
Том Бихон, ко-основач, Касторе: "Возбудени сме што го проширивме нашето партнерство со Ред Бул. Должината на овој договор ја покажува довербата што ја имаат во Касторе за да им испорачаме производи кои помагаат да се оптимизираат перформансите на целиот тим и зборува за нашата посветеност на целите на Ред Бул да продолжи со нивниот напор за повеќе победи и титули."
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.