Големата Награда на Саудиска Арабија се одржува на градската патека Џеда, која се наоѓа во крајбрежна област до Црвеното Море.
Локацијата донесува слични предизвици како Абу Даби со многу песок на патеката и често менување на насоката на ветерот.
Тото Волф: "Нашата трка во Бахреин најдобро би била опишана како разочарувачка. Се надевавме на посилен настап по нашите настапи на тренинг сесиите и квалификациите. И двајцата возачи беа задоволни од балансот и постабилната платформа обезбедена од W15."
"За жал, во саботата навечер, потребите за ладење на ПЕ не се совпаднаа со нашите предвидувања. Тоа нѐ натера рано да влеземе во режим на штедење, што имаше големо влијание на намалувањето на температурите на гумите под оптималната. Тоа не чинеше можност да го покажеме нашиот вистински потенцијал."
"Тоа беше фрустрирачки начин да се започне сезоната, но од кој ќе учиме.
Имаме можност веднаш да направиме чекор напред. Џеда е градска патека, но многу брза. Ќе биде добро да продолжиме со учењето на новиот болид на многу поинаква патека од Бахреин."
"Ќе се стремиме кон поконзистентен викенд и да ги разбереме нашите вистински перформанси во однос на остатокот од гридот.
Исто така, ќе биде прекрасно да се гледа Ф1 Академијата на нивното отворање во Саудиска Арабија."
"За прв пат ќе се вклучиме како тим. Возбудени сме што ќе ја гледаме нашата помлада возачка Доријан Пин во акција и со нетрпение очекуваме да го поддржиме шампионатот во текот на годината."
ТОТО ВОЛФ - ЗБОР, ДВА ПРЕД ТРКАТА ВО ЏЕДА
3/06/2024 08:20:00 PM
0
Share to other apps