Фернандо Алонсо ги подели двата болиди на Ред Бул со второто место на табелата на првиот тренинг за Големата Награда на Саудиска Арабија.
Шпанецот заостануваше 186 илјадитинки зад најдоброто време на Макс Ферстапен кој по прв пат оваа сезона беше најбрз на тренинг сесија.
Џорџ Расел беше побрз од возачите на Ферари, Чарлс Леклер пред Карлос Саинц Јр., кој се уште не е 100% фит по вчерашните здраствени проблеми.
Како и во Бахреин, бидејќи е ноќна трка, првиот тренинг не е најрепрезентативен. Т1 и Т3 се возат во дневни услови, така што собраните информации не се толку вредни при изборот на соодветните поставки на болидите за вистинската акција.
Во Џеда беше топло и многу ветровито, тимовите за првпат работеа со новите болиди во вакви услови. Во Бахреин беше значително посвежо, но и таму некои болиди имаа проблем со прегревањето. Но, најголемата пречка беше силниот ветер.
Возачите ја започнаа сесијата со белите гуми, постепено преминувајќи кон помеките смеши и зголемувајќи го темпото. Речиси и да немаше грешки на оваа тешка и брза патека.
Ленс Строл го допре заштитниот ѕид и мораше да го замени предното крило на неговиот Астон Мартин. Во Мерцедес АМГ, Вилијамс, Алпин и Торо Росо, возачите се жалеа на потскокнување на долгите правци.
ФЕРСТАПЕН ЛИДЕР НА ПРВАТА ТРЕНИНГ СЕСИЈА
3/07/2024 02:12:00 PM
0
Share to other apps