Формула 1 планира да го ревидира актуелниот систем на поени кои се доделуваат на една трка.
Новиот систем ќе биде разгледан на следниот состанок на Комисијата на ФИА за Формула 1 и би можел да стапи на сила во 2025 година. Според сегашниот систем, десетте најдобри по финишот на трката добиваат поени.
За време на директниот пренос на Големата Награда на Кина, британските коментатори на Скај Ф1 Дејвид Крофт и Нико Розберг зборуваа за предлогот да се доделуваат поени, не на десет возачи, туку на дванаесет.
Предложена е следнава шема за бодување: 25-18-15-12-10-8-6-5-4-3-2-1. Возачот кој ќе забележи најбрз круг и ќе заврши во првите 12 ќе добие дополнителен поен.
Тимовите, Либерти и ФИА се чини дека веќе имаат претходен консензус за оваа промена на бодувањето. Во Ф1 падокот, одобрението се чини како обична протоколарна процедура.
Либерти медија не сака послабите тимови да имаат 0 во полето за поени. Во моментов, Алпин, Вилијамс и Заубер имаа нула зад своето име. Всушност, овие три тима, заедно со Хас и во помала мера РБ, зависат од првите пет тимови за да освојат поени.
Во нормални околности, првите 10 места, иако со променлив редослед, ги освојуваат тимовите кои отскокнуваат со квалитет, додека помалите тимови треба да чекаат некоја непредвидена околност која ќе им помогне да стигнат до поени, без разлика дали тоа е откажување или проблем на најдобрите тимови.
Промената на бодувањето, како што претходно напоменавме, се смета за завршена работа. Од една страна, најдобрите тимови, оние кои се на врвот не се чувствуваат загрозени, оние на дното гледаат можност да избегаат од незгодната "0" зад своето име.
ФИА КОМИСИЈА ЗА ФОРМУЛА 1: Во четврток, на 25 април, во Женева се одржа состанок на Комисијата за Формула 1, со кој претседаваа директорот на ФИА за трки со едносед, Николас Томбазис и претседателот на Формула 1, Стефано Доменикали.
На состанокот беа разгледани голем број прашања, вклучително и предлог за промена на бодовниот систем, каде што првите дванаесет возачи би добивале поени. По состанокот, ФИА објави соопштение во кое ги сумира резултатите.
БОДОВЕН СИСТЕМ
Членовите на Комисијата разговараа за предлог за промена на бодовиот систем. Одлучено е да се изврши дополнителна анализа на предложените промени, чии резултати треба да бидат претставени на следниот состанок на Комисијата во јули.
ПРЕД СЕЗОНСКА ТЕСТ СЕСИЈА/ИИ ЗА 2025
По дискусиите за време на неодамнешниот состанок на Советодавниот комитет за спорт, беше договорено предлогот за датуми и места за претсезонско тестирање во 2025 година да биде доставен до Комисијата за нејзино разгледување.
КАМЕРИ НА ЗАДЕН ДЕЛ ОД БОЛИДИТЕ
Поставувањето на овие камери е одобрено, почнувајќи од Големата Награда на Шпанија. Возачите ќе имаат можност да следат што се случува зад нив.
Дополнително, беа одобрени голем број мали измени на спортските и финансиските регулативи. Сите усвоени промени мора да бидат официјално одобрени од Светскиот совет за мотоспорт на ФИА.
ФОРМУЛА 1 СО НОВ СИСТЕМ НА БОДУВАЊЕ
4/21/2024 09:39:00 PM
0
Share to other apps