Пред неколку дена на нашата ФБ страница објавивме дека сопствениците на Формула 1, Либерти Медија, го купуваат и МотоГП шампионатот. Денес тоа е официјализирано, и објавени се деталите.
Либерти Медија стана сопственик на 86% од акциите на МотоГП, останатите 14% останаа кај Дорна. Покрај главната категорија МотоГП, зделката ги вклучува и понискитеб категории, како и шампионат во Супербајк и шампионат за жени FIM.
Вредноста на трансакцијата беше 4.2 милијарди евра. Извршниот директор на Дорна, Кармело Езпелета ќе ја задржи функцијата извршен директор, а седиштето на компанијата ќе остане во Мадрид.
Грег Мафеи, извршен директор на Либерти Медија, изјави: "Возбудени сме што ќе го прошириме нашето портфолио на водечки спортски серии и средства за забава со стекнувањето на МотоГП. Тоа е глобален шампионат која генерира големи парични текови и има лојални фанови."
"Кармело и неговиот тим создадоа одлично спортско шоу кое можеме да го прошириме на поширока глобална публика. Овој бизнис има значителен потенцијал за раст и ние сме посветени на развој на спортот во корист на фановите на МотоГП, тимовите, комерцијалните партнери и нашите акционери."
Кармело Езпелета, извршен директор на Дорна: "Ова е совршен следен чекор во еволуцијата на МотоГП и ние сме возбудени за она што оваа пресвртница и го носи на Дорна, МотоГП падокот и фановите на трките."
"Горди сме на глобалниот спорт што го развивме, а оваа трансакција е доказ за вредноста на спортот и неговиот потенцијал за раст. Либерти Медија има неверојатна историја во развојот на спортски средства и не би можеле да посакаме подобар партнер кој ќе ја прошири базата на фанови на МотоГП низ целиот свет."
Аквизицијата се очекува да биде завршена до крајот на 2024 година и е предмет на добивање одобренија од органите за заштита на конкуренцијата и за странски инвестиции во различни јурисдикции.
Извршниот директор на компанијата која исто така е сопственик на Формула 1, Грег Мафеи, по објавата увери дека двата шампионати во нивна сопственост нема да бидат испреплетени еден со друг.
"Единственото нешто што нема да направиме е да има заедничко управување со МотоГП и Формула 1."
ОФИЦИЈАЛНО: ЛИБЕРТИ МЕДИЈА ГО КУПИ МОТОГП
4/01/2024 06:15:00 PM
0
Share to other apps