Пред трката за Големата Награда на Јапонија, Мекларен објави дека се направени промени во инженерскиот дел на тимот.
Техничкиот директор - инженерство и дизајн, Роб Маршал се враќа во улогата на главен дизајнер.
Нил Хаулди ќе стане технички директор - инженерство, а Питер Продрому ќе продолжи да работи како технички директор за аеродинамика.
Одделот за концепт и перформанси ќе биде рационализиран за да се фокусира на подобрување на неговата ефикасност. Андреа Стела ќе ја преземе и оваа улога додека не биде најдено трајно решение за оваа позиција.
Давид Санчез, кој беше одговорен за овој оддел, го напушта тимот по само три ефективни месеци по приклучувањето од тимот на Ферари. Тој планира да ја продолжи кариерата во Формула 1 и наверојатно добил подобра понуда.
Андреа Стела, тимски шеф на Мекларен: "Следниот чекор во еволуцијата на структурата на техничкиот оддел и работниот модел на тимот ја демонстрира посветеноста кон постојано подобрување на нашите технички способности и работни процеси за зголемување на ефикасноста и ефективноста."
"По разговорите помеѓу Давид Санчез и раководството на тимот, меѓусебно беше одлучено тој да го напушти тимот. Стана јасно дека улогата, одговорностите и амбициите поврзани со позицијата на Дaвид не се она што првично го очекувавме кога тој се согласи да ни се придружи во февруари 2023 година."
"Препознавајќи го ова несовпаѓање, Дaвид и јас се согласивме дека е најдобро да се разделиме со него сега за да му дозволиме да продолжи со други можности кои подобро ќе ги искористат опсегот и ширината на неговите извонредни вештини. Ние многу го цениме придонесот што Дaвид го даде во релативно краткото време со нашата компанија и му посакуваме се најдобро во неговите идни ангажмани."
Давид Санчез: "Благодарен сум за можноста да бидам дел од овој тим. Иако улогата што ја замисливме и се согласивме не беше реалност, заминувам со почит кон менаџментот, восхит од посветеноста на моите колеги и благодарност за отвореноста и искреноста со кои разговаравме и донесовме одлуки. Му посакувам на тимот да го продолжи успешниот пат назад кон врвот. Со нетрпение го очекувам мојот следен предизвик во Формула 1."
КАКО БЕШЕ ДО ДЕНЕС
ДАВИД САНЧЕЗ ГО НАПУШТА ТИМОТ НА МЕКЛАРЕН
4/02/2024 02:46:00 PM
0
Share to other apps