Веќе објавивме дека турската влада има планови за враќање на Формула 1 во нивната земја.
Како сопственик на патеката во Истанбул, тие одржаа тендер за давање под концесија, а победникот, меѓу останатите услови што мора да ги исполни, е должен да издејствува одржување на Формула 1 трка во 2026 година.
Според турските медиуми, тендерот е веќе завршен и е утврден неговиот победник. Тоа е Pirelli Otomobil Lastikleri AS, турска филијала на официјалниот добавувач на гуми за Формула 1.
Компанијата доби 30-годишен закуп на патеката по цена од 118 милиони долари. Претставниците на Либерти Медија се очекува наскоро да летаат за Истанбул за да дадат некои најави.
"Во 2026 година, неколку патеки ќе бидат исклучени од календарот на Формула 1, така што една од трките може повторно да се одржи во Турција", оптимистички изјави Лале Кандер, шеф на Пирели - Турција.
За нас македонските Ф1 фанови, ова е добра вест и доколку плановите за ова се остварат, ќе биде добра алтернатива на Хунгароринг, кој по реновирањето кое е во тек, најави драстично зголемување на цената на билетите.
ПИРЕЛИ ЈА ПРЕЗЕДЕ КОНТРОЛАТА ВРЗ ПАТЕКАТА ВО ИСТАНБУЛ ПАРК
4/04/2024 08:21:00 PM
0
Tags
Share to other apps