Ф1 тимовите се вратија во Кина по пауза од пет години, за петтата трка од 2024 сезоната, која ќе се одвива на меѓународната патека Шангај.
Последен пат кога се возеше Големата Награда на Кина во 2019 година беше јубилејна 1000-тата Формула 1 Трка во историјата на овој Шампионат.
На почетокот на февруари 2020 година, беше објавено откажување на трката во Формула Е во Шангај. Тогаш се чинеше дека пандемијата не е нешто сериозно.
Формула 1 го завршуваше зимскиот распуст, за подоцна тимовите да бидат присутни во Австралија за старт на новата Ф1 сезона. Се беше ок, до завршување на тренинг сесиите.
Потоа, следуваше откривање на позитивни членови на тимот на Мекларен и тимот се повлече од настанот. По многу состаноци и непроспиена ноќ, следното утро беше објавено дека Австралиското ГП е откажано. И сè почна да се распаѓа.
Тимовите се вратија дома, затворајќи ги базите на неодредено време. Формула 1 запре. Луѓето беа изолирани во своите домови, децата започнаа да се школуваа онлајн, тие кои можеа ја преселија својата работа исто така онлајн.
Хелмут Марко ја презеде иницијативата, изразувајќи ја идејата на Дитрих Матешиц. Во април 2020 година, тој, заедно со ФИА, развија сценарио против Ковид, предлагајќи да се одржат трки со задолжително тестирање и без гледачи, започнувајќи ја сезоната со две трки во Шпилберг.
Идејата успеа. Формула 1 беше прва и во ова. На почетокот изгледаше чудно, но фановите заглавени дома, имаа можност да ја следат Формула 1 преку ТВ екраните. Фудбалот, попопуларен спорт, се врати многу подоцна. Со картонски навивачи на трибините.
Либерти Медиа одлично се справи со оваа криза, која стана нивниот прв вистински тест, а за возврат доби солидна доверба од партнерите, спонзорите и гледачите.
Трките кои останаа во сеќавање на оваа патека се тие во 2006 година, кога Михаел Шумахер ја освои својата последна, 91-ва победа во Формула 1, таа во 2019 година, 1000-тото Гран При на Формула 1.
Луис Хамилтон ја освои титулата, а Макс Ферстапен заврши на третото место, како и неговиот тим. Претстојната трка ќе биде 1106-та. Толку многу се промени во овој релативно краток период.
Трката во 2009 година беше специјална за Ред Бул, време кога ја Себастијан Ветел ја забележа дебитантската Пол позиција и Победа за Австрискиот тим.
Меѓународната патека Шангај е како динамичен пејзаж, со својата огромна главна трибина и елиптичен Падок клуб, кој е преплетен со многу мостови, и со сигурност може да се каже дека е една од најубавите патеки во Ф1 Шампионатот.
Во меѓувреме, изгледот на апартманите на тимовите во падокот е незгоден да се разбере како древна кинеска поговорка. Тие се поставени за да личат на "Шанг" кинеска буква, што значи "високо/над".
Првиот комплекс на свиоци на оваа патека е еден од најтешките во календарот и потребен е прецизен пристап и излез од нив. Започнува со вртење од 270 степени кон десно кое бара агресивен влез, сопирање низ целиот свиок, за да на крај следи ненадејна промена на насоката.
По овој свиок следуваат серија на брзи свиоци, повторно правец и уште еден сет на свиоци слични на тие од број 1 до 3, но во обратна насока.
Следува уште еден долг правец кој завршува со свиок од 180 степени, принудувајќи ги возачите да намалат од 315 на 65км/ч. Тоа воедно е едно од најдобрите места за претекнување.
Околу 80% од кругот се свиоци, што значи дека дејството на страничните сили е клучен фактор. Возачите ќе треба да го избегнуваат пролизгувањето на задните тркала, со цел да се минимизира нивната деградација и спречи појавата на грејнинг на предните гуми.
Широката патека им овозможува на возачите да експериментираат со траекторијата движење и што подобра можност за претекнување при сопирање на крајот на правците. Големи безбедносни зони дозволуваат возачите целосно да се концентрираат на тркањето и пред се преземање и поголеми ризици при обидите за претекнување.
Шефот на тркачкиот оддел на Пирели, Марио Изола, смета дека стратегијата со два пит-стопа е оптимална за неделната трка.
"Вториот ден од тркачкиот викенд во Кина беше полн со акција, благодарение на новиот формат, гледачите, кои ги исполнија сите трибини денес, видоа многу интересни работи."
"Во спринтот ја видовме високата ефикасност на жолтите гуми, а благодарение на Џорџ Расел сфативме дека и црвените може да се користат во трката. Најмеката смеша може да бидат идеален избор за првиот стинт за оние кои сакаат порано да влезат во бокс за да го спроведат "undercut" кој е многу ефикасен на оваа патека."
"Црвените гуми може да се користат и за последниот стинт во обид да се надополнат неколку позиции ако возачот заврши зад ривалите со постари и затоа помалку ефикасни гуми."
"Со оглед на високото ниво на деградација на петочните сесии и денешниот спринт, стратегијата со две застанувања очигледно ќе биде најбрза. Главните смеши се C3 и C2, но како што веќе споменав, C4 исто така може да игра улога."
"Кога станува збор за абење, предната лева гума бара најмногу внимание. Но, може да биде тешко и за задните гуми."
ВЕЧЕРЕН ВОВЕД И НАЈАВА НА КИНЕСКОТО ГРАН ПРИ
4/20/2024 11:10:00 PM
0
Share to other apps