Макс Ферстапен ќе стартува од првата позиција на саботниот спринт во Мајами, прв негов пласман на П1 на спринт квалификациите по викендот во Белгија од минатата сезона.
Актуелниот шампион заврши на врвот во SQ3 во кој малкумина блеснаа, а меѓу нив беа Чарлс Леклер кој ќе го дели првиот стартен ред со Холанѓанецот, додека Серџо Перез и извонредниот Даниел Рикиардо ќе го започнат спринтот од вториот ред.
Леклер без тренинг, без ништо, на втора позиција. Овие моменти потсетуваат на неговиот потенцијал, но константноста не му е јака страна.
Чудна финална пресметка на црвени гуми. Но, во спринтот и неделната трка главната улога ќе ја имаат жолтите, т.е. белите гуми.
Резултатите велат дека не очекува многу интересен спринт бидејќи многу возачи ќе стартуваат од позиции кои не се типични за нив.
Спринтот е закажан за 18:00 МК, додека вистинските квалификации на програмата се во 22:00 часот по македонско време.
Овој викенд во Мајами имаме втор последователен спринт формат по тој во Шангај. По едночасовниот тренинг, возачите имаа квалификациски скратен дуел за саботниот спринт.
Макс Ферстапен го имаше надоброто време на единствената тренинг сесија, а Чарлс Леклер ја помина речиси целата сесија во својата гаража поради извртувањето по само три комплетирани круга.
Пирели ги донесе C2, C3 и C4 смешите во улогите на бели, жолти и црвени гуми. Во првиот и вториот дел од спринт квалификациите, секој возач мораше да вози на нови жолти, а во финалниот сегмент на нов сет на црвени гуми.
Во SQ1 сесијата, очекувано, прв на патеката излезе Чарлс Леклер, но погреши и го уништи својот круг, но потоа се подобри. На кратката, брза патека резултатите беа тесни, а сообраќајот беше проблем за многумина.
Фернандо Алонсо го допре ѕидот во 16-от свиок и се врати во боксот за механичарите да го проверат болидот пред повторно да излезе на патеката.
Валтери Ботас не го виде Пјастри во брз круг, па ќе мора кај стјуардите по завршувањето на овие спринт квалификации.
Откако ги испитаа околностите на инцидентот, стјуардите на Големата Награда на Мајами го казнија
Ботас со губење на три места на стартот од спринтот. Тој се квалификуваше на 18-то место и сега ќе стартува последен.
Времето на Албон беше избришано и тој заврши последен, прв пат губејќи од својот тимски колега.
Напред, Ландо Норис со значајно надградениот болид на Мекларен, го забележа најбрзото време. Оскар Пјастри доби само половина од новите надградби.
Од понатамошната борба отпаднаа Пјер Гасли, Џоу Гуанју, Валтери Ботас, Логан Сарџент и Алекс Албон.
Во SQ2 сесијата, Даниел Рикиардо го допре ѕидот покрај 16-от свиок, речиси идентично на Фернандо Алонсо, но болидот не беше оштетен и тој остана на патеката.
Ландо Норис повторно го имаше најбрзото време, делувајќи непобедлив и сигурен кандидат за првата позиција на утрешниот спринт.
Џорџ Расел, Луис Хамилтон, кој исто така го допре ѕидот, Естебан Окон, Кевин Магнусен и Јуки Цунода не се пласираа во финалната пресметка на најбрзите 10 возачи.
Во SQ3 сегментот, поради краткото време на располагање, возачите се одлучија да имаат по само еден брз круг. Пресметка на се или ништо во еден круг на црвените гуми.
Макс Ферстапен, на црвени гуми, извозе побавен круг од Ландо Норис во SQ2 сесијата на жолтите гуми, но заврши на првото место.
Мекларен постигна најголем напредок во текот на минатогодишната сезона. Двете ажурирања на болидот во Шпилберг и Сингапур го донесоа Мекларен на второто место.
Тимскиот шеф на Мекларен, Андреа Стела сака да се држи до својата агресивна развојна политика. Британскиот тим смета на поголеми ажурирања, наместо мали подобрување.
Првото ажурирање за оваа сезона го менува ликот на MCL38. Инженерите околу Питер Продрому, Роб Маршал и Нил Холди го надградија болидот од предниот крај на предното крило до задниот дел на задното крило. Вкупно 11 надградби со што ова е сосема друг болид од почетокот и ја заслужува ознаката на Б верзија од 2024 болидот.
Резултатот на Рикиардо е изненадувачки. Австралиецот успеа да се пласира на четвртата позиција за Спринтот. Возачот на РБ не само што беше подобар од својот тимски колега, туку и беше четврти, пред Карлос Саинц Јр., возачите на Мекларени и Астон Мартин.
Само Ферстапен, Леклер и Перез беа побрзи од него во последниот обид во кој направи помалку грешки од останатите, но што служи како потврда за подобрувањата на болидот на РБ.
Ако работите одат добро, а тој успее да остане барем меѓу осумте најдобри, Рикиардо конечно би ги забележал своите први поени во сезоната. Тоа е нешто што можеби ќе го натера да "дише" полесно по многуте инсинуации кои сугерираа дека можеби наскоро ќе одлучат да се откажат од неговите услуги.
ЛАНДО СО НАЈБРЗО ВРЕМЕ, НО МАКС Е НА ПРВАТА ПОЗИЦИЈА ЗА СПРИНТОТ
5/03/2024 11:56:00 PM
0
Share to other apps