Макс Ферстапен го имаше најбрзото време на првата и единствена тренинг сесија за Големата Награда на Мајами.
Актуелниот шампион беше најбрз во сесија со многу тест излегувања на патеката во барање на најдобрите поставки за вечерните спринт квалификации и утрешниот спринт.
Значи, и овој викенд во Мајами се одржува во спринт формат со само една тренинг сесија, па патеката не беше празна. Времето беше добро, но имаше силен ветер.
Пред тренингот сите разговараа за разделбата на Ред Бул и Адријан Њуи. Британецот влезе во боксот на тимот, каде персоналот го поздрави со аплауз, а сесијата ја следеше од пит-ѕидот.
Искористувајќи ја двонеделната пауза помеѓу трките, осум тимови донесоа нови елементи во Мајами, но колку имаа време да ја оценат нивната ефикасност е прашање.
Најголем губитник беше Чарлс Леклер, кој само по осум минути на патеката успеа да изгуби контрола врз својот црвено-син за оваа трка SF-24.
Сесијата мораше да биде прекината, бидејќи болидот на Ферари ја блокираше патеката, а Чарлс се врати пеш во својата гаража. Паузата траеше осум минути.
Ландо Норис кој го има целосно надградениот болид на Меклларен, тим со најмногу надградби, се пожали на проблеми со управувањето, кои беа решени со принудбата пауза.
Макс Ферстапен имаше големи проблеми во контрола на својот РБ20, но повторно успеа да биде најбрз со црвените гуми на Пирели. Речиси сите возачи имаа ситни грешки барајќи ги "вистинските" позтавки.
Времињата се многу блиски и сме во очекување на интересни спринт квалификации со почеток од 22:30 часот.
МАКС НАЈБРЗ, ЛЕКЛЕР НА ПОСЛЕДНОТО МЕСТО
5/03/2024 08:04:00 PM
0
Share to other apps