Овој викенд, познатото Дурасел зајаче ќе го има своето деби во Формула 1, кога ќе се појави на болидите на Вилијамс за Големата Награда на Монако.
Препознатливото розово зајаче ќе го видиме како се држи за болидот на тимот, FW46, додека се трка низ улиците на Монте Карло во рацете на Алекс Албон и Логан Сарџент.
Ќе се појави како дел од еднократното подобрување на изгледот за еден од најпрестижните настани во календарот на Формула 1. Дизајнот е специјална соработка помеѓу Вилијамс и спонзорот Дурасел за да се прикаже најновата иновација на светски познатиот бренд за батерии, Дурасел Оптимум.
Дурасел како спонзор се приклучи на Вилијамс во 2022 година.
Џејмс Бауер, комерцијален директор: "Вилијамс е возбуден што зајачето на Дурасел ќе дебитира во Формула 1 во Монако, обединувајќи го познатиот симбол со уште попознатата тркачка патека. Секогаш бараме да внесеме иновации во нашите партнерства и овој специјален дизајн за Монако е совршен пример за тоа."
Даниел Сиера, потпретседател за маркетинг, Дурасел: "Возбудени сме што соработуваме со Вилијамс за оваа посебна прилика на Големата Награда на Монако. Како бренд познат по тоа што го напојува секојдневниот живот со врвна технологија, возбудени сме што ќе ја прикажеме извонредната моќ на Duracell Optimum,батерија толку моќна што ја користи Формула 1 тим."
ЗАЈАЧЕТО НА ДУРАСЕЛ ЌЕ СЕ ТРКА НА УЛИЦИТЕ ВО МОНТЕ КАРЛО
5/22/2024 08:41:00 PM
0
Share to other apps