Чарлс Леклер повторно беше "господар" на улиците на Монте Карло на третата и последна тренинг сесија.
Моначанецот изгледа дека има и повеќе од потребното за атак на Пол позицијата, во секое време и на секоја смеша релативно лесно го забележува најбрзото време, победувајќи го Макс Ферстапен, Луис Хамилтон и останатите.
Денешниот тренинг беше последната шанса за тимовите да го пронајдат "совршениот" баланс на болидите пред стартот на квалификациите, најважната сесија од тркачкиот викенд во Монако.
На почетокот на сесијата, многу возачи традиционално избраа поцврсти смеши, за да заштедат од црвените гуми.
Во дванаесеттата минута тренингот беше стопиран, откако Валтери Ботас со предното десно тркало удри во заштитните бариери покрај свиокот Раскас. Амортизацијата беше оштетена и тој ја блокираше патеката.
Хамилтон, кој возеше зад него, мораше да застане. Болидот на Заубер беше брзо отстранет, а за Финецот тоа беше крај на тренингот.
Кевин Магнусен се изврте во Мирабо, но тој го врати болидот на саканата насока и продолжи да вози.
Хамилтон ги блокираше предните гуми и заврши во зоната за излетување во првиот свиок. Истото му се случи и на Оскар Пјастри.
Имавме неколку инциденти, кога возачите ја намалија брзината во тунелот, обидувајќи се да заостанат зад болидите пред себе, кои се разгледуваат од страна на стјуардите.
ЧАРЛС ЛЕКЛЕР ДОМИНАНТЕН НА ДОМАШЕН ТЕРЕН
5/25/2024 01:52:00 PM
0
Share to other apps