Чарлс Леклер забележа брилијантна Пол позиција за Големата Награда на Монако. Возачот, домаќин, леташе меѓу заштитните бариери на Кнежевството и го победи Оскар Пјастри за една десетинка и Карлос Саинц Јр. за две десетинки.
Тој пристигна како јасен фаворит по прикажаното на тренинг сесиите и потврди дека нема ривал по улиците на домашната патека.
Гледавме блиска борба, во она што слободно може да се оцени како најинтензивните квалификации по подолго време. Сè беше во прашање на илјадитинки.
Помеѓу Карлос Саинц Јр. и седмата позиција, во рацете на Луис Хамилтон, има само 103 илјадитинки, што кажува колку се беше блиску денес.
Изненадувањата дојдоа од самиот почеток, бидејќи Фернандо Алонсо успеа да заврши само шеснаесетти, а Серџо Перез, осумнаесетти.
По трите тренинг сесии на кои Чарлс Леклер покажа дека е фаворит, време беше за старт на секогаш важните квалификации во Монако со асфалт на температура од 48 степени.
Немаше време за губење. Сообраќајот е секогаш густ низ улиците на Монте Карло, па многу возачи се наредија на Пит-Линијата, цела минута пред почеток на Q1 сесијата и брзо излегоа на патеката кога семафорот светна зелено.
Првото забележано време беше 1:19.550 на Луис Хамилтон, а потоа и на другите возачи имавме слични времиња, па стана јасно дека најбрзиот круг ќе се бара во серија од повеќе кругови.
Како што одминуваше времето, подобрувањето на патеката беше евидентно и Оскар Пјастри беше првиот што ја проби бариерата од 1:12, со 1:11.881. Последните фази од сесијата беа полни со подобрувања и на врвот на табелата заврши Џорџ Расел. Топ 5 поредокот беше во само една десетинка.
Не се снајдоа баш најдобро, Фернандо Алонсо кој можеше само до шеснаесеттата позиција, и најголемото изненадување, непријатно се разбира, Серџо Перез, кој не можеше да поверува кога неговиот тимски инженер му кажа дека е само П18. Логан Сарџент, Валтери Ботас и Џоу Гуанју беа останатите елиминирани.
По Q1 со многу емоции и тесна борба, втората квалификациска сесија започна со неколку степени, 44, постуден асфалт. Како и во Q1, многу возачи брзо излегоа на патеката.
Макс Ферстапен забележа време 1:11.196 за почеток. Набргу потоа Карлос Саинц Јр. го приреди изненадувањето со 1:11.177 на користени црвени гуми! Тогаш имаше 19 илјадитинки пред Ферстапен, 80 илјадити пред Цунода и нешто повеќе од една десетинка пред Леклер и возачите на Мекларен.
Макс Ферстапен се врати на врвот со 1:11.019 на истиот комплет на црвени пневматици. Естебан Окон, пак, успеа да забележи време за четвртото место на табелата.
Во втората серија на брзи кругови, со нов сет на црвени пневматици возачите на Мекларен возеа под 1:11! Оскар Пјастри беше првиот што ја проби бариерата, но Ландо Норис ја заврши сесијата со најбрзото време.
Предниот дел, многу близок. Ландо Норис беше најбрз, Ферстапен заостана 13 илјадитинки, Пјастри 24 илјадити и Леклер 93 илјадитинки. Ландо можеби со користење на вториот сет на црвени гуми погреши, подобро ќе беше да ги имаше да последната сесија.
Во овој случај, елиминирани беа Естебан Окон, Нико Хулкенберг, Даниел Рикиардо, Ленс Строл и Кевин Магнусен.
Имаше две сесии со многу возбуда, а најдоброто допрва требаше да дојде! Завршната сесија, Q3, започна температура на асфалтот од 43 степени.
Сите возачи брзо излегоа на патеката.
Меѓу нив, четворица Норис, Гасли, Цунода и Албон, мораа да излезат на користени црвени гуми, останатите со нови.
Во првиот обид, Чарлс Леклер постави импресивен репер од 1:10.418, но Оскар Пјастри заостана само 26 илјадитинки! Макс Ферстапен беше трет со една десетинка, Карлос Саинц Јр., четврти на две десетинки.
Еден чекор подолу, Џорџ Расел беше на петтото место, со само неколку илјадитинки разлика пред Ландо Норис и Луис Хамилтон. Гасли, Цунода и Албон го комплетираа привремениот Топ 10 поредок.
Во втората серија на брзи кругови, Чарлс Леклер уште еднаш покажа зошто е еден од најбрзите возачи во квалификациите, успевајќи да го подобри своето време за 150 илјадитинки, а Пјастри не можеше да го победи неговото време од првиот обид.
Карлос Саинц Јр. заостана две десетинки, но обезбеди трета стартна позиција која е многу добар пласман, ако се земат неговите времиња од тренинг сесиите.
Ландо Норис беше четврти, пред Џорџ Расел, Макс Ферстапен и Луис Хамилтон. Топ 10 поредокот го комплетираа Јуки Цунода, Алекс Албон и Пјер Гасли.
Треба да се напомене дека Ферстапен удри во заштитните бариери на излез од Сан Девот во последниот брз круг и не можеше да се подобри. Холанѓанецот не се чувствува удобно во својот RB20 и не успеа да влезе во топ 5 пласман.
ЛЕКЛЕР УСПЕА, ФЕРАРИ НА ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА ВО МОНАКО
5/25/2024 03:31:00 PM
0
Share to other apps