Ако за повеќето тимови домашна трка е во Силверстоун, тогаш за повеќето возачи домашна може да се смета трката во Монако.
За Чарлс Леклер тоа е вистинскиот дом, а за повеќето е место на живеење. Посетителите, се разбира, имаат тешкотии.
Во Монако речиси да нема хотели, нема аеродром, вработените во тимовите доаѓаат секое утро со воз, има страшен сообраќаен метеж по патиштата од соседната Ница и другите блиски градови и села каде што може да се сместите. Утринските редици на постројките за персоналот и фановите се импресивни, тоа нема да го видите никаде на друго место.
Пред почетокот на сесиите, градот е блокиран. Локалните жители понекогаш не можат да стигнат до најблиското место каде уживаат во утринското кафе, но во вечерните часови ограничувањата се укинати и таму каде што се одвива Ф1 акцијата, патниот сообраќај продолжува, диџеите настапуваат, фановите се дружат меѓусебно, се троши многу шампањ.
Тоалети нема премногу, па наутро патеката не е во најдобра хигиенска состојба. Но, се тоа е дел од атрактивната уникатност на настанот во Монако.
Тесната патека е целосно несоодветна за овие широки и тешки болиди. Невозможно е да се претекнува, но, затоа гледавме едни од најинтензивните квалификациите кога возачот треба да ги нападне лимитите, бидејќи стартната позиција одлучува за се.
Американците веќе не носат партнери и спонзори во Монако, оваа улога сега ја имаат Мајами и Лас Вегас, каде што има се за секој вкус. Сепак, и оваа година има многу скапи јахти во Монако, а тимовите и нивните спонзори ќе ги изнајмуваат за своите гости за да ги почестат со шампањ и да ги поканат на забава по сесиите.
Порано на Формула 1 и требаше Монако, сега на Монако му треба Формула 1 за да го потсетува остатокот од светот еднаш годишно за постоењето на мало Кнежевство на Азурниот брег.
Најмалата грешка води до катастрофални последици, моќноста на погонската единица и аеродинамичната ефикасност речиси и да немаат ефект врз резултатот, бидејќи речиси да нема место каде може да се претекнува.
Формула 1 се трка во Монте Карло од самите почетоци на шампионатот во 1950 година, кога инаугуралната трка ја освои Хуан Мануел Фанџо. Ова е најбавната патека во календарот, нема можности за претекнување, па исходот на трката во голема мера зависи од квалификациите и првиот свиок. Често се вели дека оваа трка се добива во сабота.
Болидите на Ред Бул летаа покрај своите ривали, но трката во Имола покажа дека РБ20 има слаби точки, кои не беа одлика на неговиот претходник. Во Монако ривалите имаат најголема шанса да им се спротистават, што во пракса го покажаа и вчерашните квалификации, кои беа едни од најинтересните и најблиските во борбата за Пол позицијата.
Големата Награда на Монако која се состои од 78 круга има тенденција да биде релативно едноставна од стратегиска гледна точка, како трка со едно застанување во бокс. Двете главни варијабли што ја регулираат стратегијата се излегувањето на безбедносното возило, што е честа појава во Монако и времето.
Постои голема веројатност за излегување на безбедносниот автомобил, бидејќи бариерите се толку блиску, така што тимовите имаат за цел да ги искористат тие моменти за "брз" пит-стоп. Проблемот е што овие моменти по природа се непредвидливи.
Најбрзиот начин во теорија би бил да се започне со жолтите гуми, а потоа трката да се продолжи на белите од 25-35 круг. Втора опција, која е помалку флексибилна во однос на прекин на трката, е старт на црвените, а потоа да се финишира на белите.
Возможен е и обратен избор на пневматиците. Оние кои ќе се одлучат за старт на белите пневматици ќе имаат за цел долг прв стинт, надевајќи се дека евентуалното безбедносно возило ќе им овозможи што пократок пит-стоп.
Марио Изола, Пирели: "Во Монако, голем дел од возбудата обично се доживува во сабота и уште еднаш, во ова 70-то издание на трката, тоа се покажа како случај. Му честитам на Леклер за неговата трета пол позиција на неговата домашна трка, но и на другите 19 возачи, бидејќи гледањето како летаат низ овие улици во близина на заштитните огради е секогаш воодушевувачко."
"Гледавме блиска борба, со тројца различни возачи кои го имаа најбрзото време во различните сектори, а временските разлики беа многу мали, што може да се види од фактот дека првите 15 во Q1 беа во разлика помала од четири десетинки од секундата."
"Од техничка гледна точка, C5 смешата докажа дека може многу добро да се претстави на патека како оваа и со ваков тип на подлога."
"Во споредба со минатогодишните квалификации, времињата се значително побрзи, пол позицијата е побрза за повеќе од една секунда."
"Имавме многу возбудувања во досегашниот тек од викендот, а за денес можеме да очекуваме трка која треба да има прилично предвидлив исход со стратегија од едно застанување во бокс, со средни и тврди пневматици."
"Доста е тешко да се предвиди идеалниот момент за застанување, бидејќи тоа ќе зависи од тоа дали ќе се случат или не инциденти на патеката, кои би создале какви било можности."
Во петок и сабота возачите работеа на сува патека, во недела голема е веројатноста да имаат идентични услови на патеката. Температурата на воздухот ќе се загрее до 21 степен со мала облачност и со умерен југоисточен ветер. Веројатноста за врнежи е помала од 5%.
Стјуардите на Големата Награда на Монако ги дисквалификуваа возачите на Хас, Кевин Магнусен и Нико Хулкенберг од квалификаците. Причината е што задното крило не е во рамките на техничките прописи.
Тимот објасни дека во Монако за прв пат ја користи новата верзија на задното крило и признаа дека имаат грешка во пресметките. Задното крило од претходната спецификација целосно е во согласност со прописите.
Стјуардите донесоа одлука дека Магнусен и Хулкенберг може да учествуваат на денешната трка, но ќе стартуваат од последниот ред.
Стјуардите ги разгледуваа и инцидентите помеѓу Карлос Саинц Јр. и Алекс Албон и Нико Хулкенберг со Естебан Окон. Возачот на Ферари беше осомничен дека го блокирал својот противник на шиканата на свиоците 15-16, Хулкенберг дека го направил истото во третиот свиок.
Стјуардите дошле до заклучок дека Карлос се обидел што побрзо да му отстапи место на возачот на Вилијамс, кој во тој момент бил во брз круг. Но, со оглед на фактот дека патеката е прилично тесна, блокирањето не можело да се избегне. Стјуардите го земаа тоа предвид и не му изрекоа казна на Карлос Саинц Јр..
Стјуардите не го казнија Нико Хулкенберг за блокирањето на Естебан Окон во третиот свиок. На болидот на Нико, радиото не работело како треба, па тој не ја слушнал пораката на тимот дека Окон го стигнува.
Бидејќи третиот свиок е слеп, Нико физички не го видел Естебан во ретровизорите. За возврат, Окон призна дека блокирањето не влијаело на неговиот резултат, па затоа е одлучено да не се казни возачот на Хас.
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА МОНАКО ГРАН ПРИ
5/26/2024 11:22:00 AM
0
Share to other apps