Макс Ферстапен доминираше на спринтот во Мајами од почеток до крај и уште еднаш ја зголеми својата предност во шампионатот.
Спринт кој имаше интересен тек во борба за малкуте поени, благодарение на Кевин Магнусен, кој не се двоумеше да го задржи Луис Хамилтон зад себе и по цена на казнени потези.
А се започна со Луис Хамилтон кој предизвика судир на неколку возачи. Британецот виде слободен простор од внатрешната страна на Фернандо Алонсо на влез во првиот свиок, по што следуваше карамбол помеѓу двата возачи на Астон Мартин, за на крај да настрада Ландо Норис со надградениот и брз болид на Мекларен.
Макс Ферстапен имаше добар старт, успеа да го задржи Леклер зад себе по првиот свикок, а потоа го диктираше тркачкото темпо до самиот финиш.
Холанѓанецот излезе како победник со три секунди предност во однос на Леклер и пет над Серџо Перез. Даниел Рикиардо комплетираше одличен дефанзивен настап и беше четврти, пред Карлос Саинц Јр., Оскар Пјастри и Нико Хулкенберг.
На старот од спринтот за Големата Награда на Мајами, имаше карамбол во првиот свиок во кој учествуваа Луис Хамилтон, Фернандо Алонсо, Ленс Строл и Ландо Норис.
За Норис и Строл, спринтот заврши таму, но стјуардите никому не изрекоа казни.
Фернандо Алонсо, смета дека Луис Хамилтон е виновен за инцидентот, но стјуардите не го казниле затоа што не е Шпанец.
"Мислам дека Луис им ја уништи трката на неколку возачи, особено на Норис, кој имаше многу брз болид, но отпадна како резултат на инцидентот. Денеска не бев казнет, но секогаш добивам казни."
"Возев зад Естебан Окон и можев да ризикувам да го претекнам, но логично решив да не ризикувам за да избегнам казна. Се обидував да го завршам спринтот, да извозам 19 круга, да се вратам во тимот и да разговарам што треба да се смени во болидот."
На стартот, Ферстапен го задржа водството. Возачите на Астон Мартин се судрија, при што настрада и Ландо Норис. Фернандо го допре болидот на својот тимски колега, а тој по инерција удри во Норис.
За Ландо и Ленс спринтот беше завршен, Фернандо успеа да се врати на патеката.
Следуваше период на безбедносното возило, а стјуардите одлучија да не казнуваат никого.
Топ осум поредокот беше: Ферстапен, Леклер, Рикиардо, Перез, Саинц Јр., Пјастри, Хулкенберг, Магнусен, во напад на поени беа Хамилтон, Цунода.
Во 6-от круг, Перез го претекна Рикиардо за третото место. Хамилтон долго време вршеше притисок врз Магнусен, но на болидот на Мерцедес АМГ му недостасуваше брзина на правците, беше инфериорен дури и во споредба со Хас.
Во одбрана на позицијата, Кевин излета од патеката, нешто што стјуардите го окарактеризираа како добивање предност надвор од патеката. Следуваше казна од 10 секунди за Данецот.
Од тој момент, битката беше да се задржи британецот зад себе на сите можни начини, како би се помогнало на својот тимски колега пред себе. Магнусен попушти дури во 14-от круг, а во меѓувреме заработи плус три временски казни, а во меѓувреме Јуки Цунода ја искористи битката да се протне на 8-то место.
Во претпоследниот круг Хамилтон го претекна Јапонецот и кога помисли дека ќе го освои последниот бод на спринтот, по финишот беше соопштено дека доби казна за брзо возење низ пит-линијата. (делува како компензација за неказнувањето во првиот свиок.)
Како резултат на тоа, Цунода, повторно се најде на 8-то место и го освои последниот поен на спринтот.
Напред беше посмирено, единствено Карлос Саинц Јр. вршеше притисок врз Рикиардо до последните метри од финишот, но Австралиецот го одбрани 4-то место.
МНОГУ БОРБА ЗА МАЛКУ ПОЕНИ, МАКС ПОБЕДНИК НА СПРИНТОТ
5/04/2024 05:20:00 PM
0
Share to other apps