Спортските прописи на Формула 1 се премногу комплицирани, па дури и тимовите имаат проблеми да ги разберат. Тоа веќе го знаевме, но сега го потврдува и самиот Стефано Доменикали, претседател и извршен директор на главната категорија на мотоспортот.
Позитивно е што, според Италијанецот, Ф1 комисијата се нафати да ги поедностави правилата и презентира различни идеи. Мотоспортот е комплициран спорт, а Формула 1 е уште повеќе комплицирана.
Спортските прописи често немаат транспарентност и, што се однесува до системот на санкции, се подразбира дека тоа претставува главоболка дури и за тимовите. Ова е нешто што мора да се промени за во иднина.
Често се случува, кога имаме контакт помеѓу двајца возачи или која било друга ситуација типична за автомобилска трка, да предизвикаат контроверзии со оглед на конфузната реакција од страна на ФИА, или со казна која не требало да биде изречена или обратно.
Стефано Доменикали е свесен дека правилата се премногу комплицирани и затоа Формула 1 Комисијата веќе размислува како да ги промени.
"Правилата, генерално земено, се премногу комплицирани, а многумина имаат потешкотии правилно да го разбират системот на санкции. Комисијата за Формула 1 работи на задачата да ги поедностави правилата и презентира различни идеи."
"Ако веќе е премногу комплицирано за тимовите, можете ли замислете што значи тоа за гледачите? Во мојата улога, морам да гледам на спортот низ очите на јавноста. Тоа е наша клиентела."
"Ова го знам од мојата претходна работа во Ферари. Ако премногу се фокусирате на деталите, брзо ќе ја изгубите од вид поголемата слика. Многу често се прашувавме: што правиме ако се случи ова или она?"
"Техничките прописи драстично ќе се променат во 2026 година. Сепак, сè уште не знаеме дали и болидите ќе претрпат и какви модификации. Она што е јасно е дека, прво, мора да биде помалку двосмислено барем за тимовите и, второ, да ја подобри конкуренцијата."
Доменикали го дава примерот на последната трка за Големата Награда на Монако, каде што поголемиот дел од возачите ја направија својата единствена промена на гуми за време на црвеното знаме во првиот круг и, според тоа, остатокот од трката беше без "игра" на стратегии на патеката, на патеката на која претекнувањето е практично невозможно.
"Земете го Монте Карло како пример. Знаеме што да очекуваме таму. Патеката е таква каква што е, болидите се онакви какви што се и речиси е невозможно да се престигне. Но, кога има пит-стопови за време на трката, има и акција. Оваа година имавме црвено знаме во првиот круг и сите го направија својот пит-стоп. Мора да работиме на тоа."
ДОМЕНИКАЛИ: Ф1 ПРАВИЛАТА СЕ ПРЕМНОГУ КОМПЛИЦИРАНИ
6/19/2024 01:20:00 PM
0
Share to other apps