Серџо Перез ќе продолжи да вози за тимот на Ред Бул до 2026 година. По неколку месеци неизвесност за неговата иднина, денес од Австрискиот тим беше официјално потврдено дека Мексиканецот ќе продолжи да биде тимски колега на Макс Ферстапен.
Откако му се приклучи на тимот на крајот на 2020 година, Чеко ги ужива своите најуспешни сезони во Формула 1, завршувајќи ја сезоната 2023 на второто место во Шампионатот за возачи, што беше по првпат тимот да забележи еден-два завршница во шампионатот.
Поените на Чеко придонесоа за две шампински титули во шампионатот за конструктори, во 2022 и 2023 година. 34-годишниот Мексиканец има пет победи, 29 пласмани на подиумот и три пол позиции, вклучително и дебитантската Пол позиција.
Возачот роден во Гвадалахара, беше наречен "Крал на улиците" и "Мексикански министер за одбрана", по неговиот незаборавен придонес за првата шампионска титула на Макс Ферстапен во Абу Даби, 2021 година.
Чеко стана најуспешниот Мексиканец во историјата на Ф1.
Кристијан Хорнер: "Сега е важно време да ја потврдиме нашата постава за 2025 година и ние сме многу задоволни што ќе продолжиме да работиме заедно со Чеко. Континуитетот и стабилноста се важни за тимот и Чеко и Макс се успешно и цврсто партнерство, обезбедувајќи го нашиот прв 1-2 финиш за тимот во шампионатот на возачи од минатата година."
"Чеко имаше силен почеток на 2024 година со вторите места во Бахреин, Саудиска Арабија и Јапонија, а потоа и неговиот подиум во Кина. Изминатите неколку трки беа тешки, има конвергенција на гридот, но ние веруваме во Чеко и со нетрпение го очекуваме неговото враќање во вистинската форма и перформанси, кои толку често ги гледаме."
"Минатата година имавме исклучителна сезона и ќе треба да работиме напорно за да ги задржиме нашите титули, но уверени сме во можностите на нашите возачи, заедно со тимот како целина."
Серџо Перез: "Навистина сум среќен што ќе продолжам за возам за овој голем тим, тоа е вистински предизвик, и на патеката и надвор од патеката. Среќен сум што останувам овде за да го продолжиме нашето патување заедно и да придонесам за големата историја на овој тим уште две години."
"Да се биде дел од тимот е огромен предизвик, а јас го сакам тоа. Оваа година ќе биде тесно, но имам целосна доверба во целиот тим дека иднината е светла овде и возбуден сум што ќе бидам дел од неа."
"Сакам да им се заблагодарам на сите за довербата што ми ја даваат, многу е и сакам да ја вратам со одлични резултати на патеката и надвор од неа. Мислам дека имаме многу работа да завршиме, имаме уште многу шампионати за да победуваме заедно."
СЕРЏО ПЕРЕЗ И РЕД БУЛ ЗАЕДНО ДО 2026 ГОДИНА
6/04/2024 11:50:00 PM
0
Share to other apps