Ново движење на трансфер пазарот во Формула 1. Естебан Окон ќе го напушти Алпин на крајот на ова 2024 сезона.
Двете засегнати страни взаемно донесоа одлука да се разделат по пет години соработка и една победа, на Унгарското ГП во 2021 година.
Ова беше потврдено со официјално соопштение на тимот, пред трката во Канада, и по инцидентот на Французинот со својот тимски колега во Монако.
Естебан забележа уште два пласмани на подиумот во текот на неговите пет години претстој во тимот, достигнувајќи го второто место на Големата Награда на Сакир во 2020 година и Големата Награда на Монако во 2023 година каде што заврши на третото место.
Неговиот најдобар пласман е осмото место во шампионатот за возачи во 2022 година, придонесувајќи за четвртото место на тимот во шампионатот за конструктори таа година.
Тимот со нетрпение очекува да продолжи со својата напорна работа со Естебан до крајот на сезоната и му посакува се најдобро во неговите идни планови. Возачите на тимот за 2025 година ќе бидат објавени во догледно време.
Естебан Окон: "Ова беше значаен период од мојот живот во настапот со овој тим во Формула 1. Мојата професионална кариера започна во Енстон уште кога бев тинејџер, така што секогаш ќе биде посебно место за мене."
"Имавме одлични моменти заедно, иисто така и некои тешки моменти, и секако сум благодарен на сите во тимот за овие незаборавни моменти. Ќе ги објавам моите планови многу наскоро, но, во меѓувреме, мојот целосен фокус е да го дадам најдоброто од мене на патеката за овој тим и да имам успешен остатокот од сезоната."
Бруно Фамин, тимски шеф: "Прво би сакале да му се заблагодариме на Естебан за неговата посветеност на тимот во изминатите пет години."
"За време на неговото време, прославивме неколку фантастични моменти заедно, од кои најдобриот дојде на трката во Унгарија во 2021 година со незаборавната Победа."
"Имаме уште 16 трки што треба да ги комплетираме во 2024 година заедно со јасна цел: да продолжиме да работиме неуморно како тим за да се залагаме за најдобри резултати на патеката."
"Му посакуваме се најдобро на Естебан во следното поглавје од неговата возачка кариера кога ќе дојде тој момент."
ЕСТЕБАН ОКОН И АЛПИН РАСКИНАА
6/03/2024 08:30:00 PM
0
Share to other apps