Уралкали, еден од водечките светски производители на земјоделски ѓубрива, објави дека арбитражниот трибунал според швајцарските правила за меѓународна арбитража донел одлука за спорот помеѓу компанијата и Ф1 тимот на Хас во врска со едностраното раскинувањето на спонзорскиот договор.
По деталното испитување на случајот, трибуналот утврди дека Хас го прекршил договорот и го обврза Тимот да плати отштета на Уралкали. Трибуналот, исто така, ги отфрли сите противтужби на Тимот кон Компанијата.
Арбитражната одлука става крај на спорот меѓу Уралкали и Хас во врска со спонзорскиот договор.
Уралкали ја поздравува одлуката на Трибуналот. Компанијата се надева дека Хас ќе ги исполни своите обврски според пресудата без непотребно одложување. Средствата, откако ќе се добијат, се наменети за развој и модернизација на производствените капацитети на компанијата.
На почетокот на 2022 година, Хас Ф1 ги раскина договорите со Никита Мазепин и со главниот спонзор, Уралкали, во сопственост на неговиот татко Дмитриј.
Уралкали побара Хас да ги врати претходно уплатените спонзорски пари во износ од 13 милиони долари.
Тимот се спротивстави, инсистирајќи на тоа дека има право да го раскине договорот, а страните продолжија да разговараат за ова прашање на суд. Како резултат на тоа, судот застана на страна на Уралкали.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.