Џорџ Расел забележа неочекувана победа за Големата Награда на Белгија. Британецот можеше да спроведе стратегија со едно застанување за промена на гуми, додека неговите ривали беа со два пит-стопа.
Тој успеа да го задржи зад себе тимскиот колега, Луис Хамилтон, во последните кругови од трката со дупло постари гуми за да ја забележи неговата трета победа.
Оскар Пјастри го придружуваше Мерцедес АМГ на подиумот, а Макс Ферстапен успеа да го победи Ландо Норис.
Гледавме уште една супер интересна трка, со различни стратегии и борба за победа до последниот метар.
Луис Хамилтон имаше одличен старт и не му требаше многу време да го преземе водството откако ги престигна Серџо Перез и Чарлс Леклер во само неколку круга.
Британецот имаше добар ритам, па набрзо се издвои како фаворит за победа. Тој, сепак, не сметаше на способноста на неговиот тимски колега да го извади невозможното од белите гуми на Пирели.
Речиси сите возачи ги послушаа инженерите на Пирели и претпочитаа трка со две застанувања во бокс, додека Расел одлучи да остане на патеката и можеше да одржи доволно брзо темпо за барем да го задржи водството на трката до последните кругови.
Луис Хамилтон успеа да го стигне неговиот тимски колега дури во 40-от круг, по што имаше неколку обиди за престигнување со ДРС-системот. Но, Џорџ успеа да одбрани и мина прв низ целната линија.
Двојна Победа за Мерцедес АМГ и Оскар Пјастри на третото место, со нешто повеќе од една секунда зад победникот!
Чарлс Леклер заврши на четвртото место, само неколку десетинки пред Макс Ферстапен кој можеше да напредува од П11 до П5, па дури и да го победи Ландо Норис, кој сега заостанува 78 поени во шампионатот на возачи.
Карлос Саинц Јр. беше шести, пред Серџо Перез, кој го има дополнителниот поен за најбрзиот круг на трката, и Фернандо Алонсо, кој исто така имаше трка со еден пит-стоп. Последниот поен му припадна на Естебан Окон со болидот на Алпин.
Два и пол часа по финишот на Големата Награда на Белгија, резултатите од трката беа ревидирани поради непочитување на техничките прописи на победничкиот болид на Џорџ Расел.
Наместо потребните 798 кг. според правилата, болидот тежел 796.5 кг. Мерцедес АМГ соопшти дека нема примедби за постапката за мерење или олеснителни околности за да го објасни прекршувањето.
Џорџ Расел, кој заврши прв, беше исклучен од пласманот на трката во Спа, позициите на сите други возачи се подобрија за една позиција.
ЏОРЏ РАСЕЛ СО ВОНСЕРИСКА ПОБЕДА ЗА КОЈА ДОЛГО ЌЕ СЕ ПИШУВА
7/28/2024 02:41:00 PM
0
Share to other apps