Макс Ферстапен беше најбрз на првиот тренинг во Баку, кој помина со многу жолти три црвени знамиња, од кои две поради излетување.
Ред Бул беше на врвот, со своите двајца возачи на прво и трето место, а Луис Хамилтон беше втор најбрз.
Инцидентите, т.е. излетувањата во заштитните бариери беа за Леклер и Колапинто, додека Окон имаше проблеми со Рено ПЕ во неговиот Алпин.
Почетната состојбата на градските патеки е далеку од идеална, па возачите секогаш имаа проблеми со недостаток на грип, па тоа беше случај и во Баку.
Пирели ги донесе најмеките смеши на гуми и тоа C3 како бели, C4 како жолти и C5 како црвени.
Возачите ја започнаа сесијата на жолтите гуми, постепено наоѓајќи ги лимитите на своите болиди. Оливер Берман го замени Кевин Магнусен во тимот на Хас, бидејќи данецот доби 12 казнени поени и овој викенд ќе мора да паузира.
Франко Колапинто ќе го има својот втор викенд со болидот на Вилијамс, кој не помина како што треба на првата тренинг сесија.
Во 12-тата минута, поради мало парче отпад, сесијата беше прекината, возачите мораа да го прекинат кругот, но акцијата набрзо продолжи.
Окон се пожали на нагло намалување на моќноста на ПЕ, по што се врати во својата гаража и го предаде болидот на своите механичари без да забележи време.
Вториот пат кога се појавија црвените знамиња беше поради излетувањето на Чарлс Леклер. Моначанецот по грешка при сопирање, заврши во заштитните бариери и со скршена амортизација.
Неколку минути подоцна сесијата повторно беше прекината. Франко Колапинто исто така заврши во заштитните бариери. Аргентинецот сам го напушти кокпитот, но бил испратен во медицинскиот центар на превентивен преглед, бидејќи се активирал сензорот за преоптоварување.
РЕД БУЛ НА ВРВОТ, МЕКЛАРЕН БЕЗ ПОТРЕБА ЗА ДОКАЖУВАЊЕ
9/13/2024 10:31:00 AM
0
Share to other apps