Моначанецот го победи Серџо Перез за само шест илјадитинки за првото место на табелата. Во нивна близина беше и Луис Хамилтон кој заостана шест деетинки на третото место.
Од она што најмногу не интересира од втората тренинг сесија се тркачките стинтови. Овде тие симулации беа премногу измешани.
Првото нешто што треба да се каже е дека возењето на Леклер беше многу кратко, а симулацијата на тркачки стинт на Норис беше попречен од сообраќајот. Мекларен тоа го направи намерно за да се одреди ладењето на болидот кога е зад друг болид.
Понатаму, возачите на Мерцедес АМГ се решија да ги испробаат белите гуми и директна споредба не може да се направи.
Од четворицата што останаа, Саинц Јр., Пјастри и возачите на Ред Бул, Австралиецот во Мекларен го имаше најдоброто темпо. Додека останатите правеа спорадични времиња од 1:48, Оскар можеше удобно да вози во време од просечни 1:48.
По "расцепканиот" со прекини прв тренинг и Макс Ферстапен како лидер, не очекуваше втората тренинг сесија. Асфалтот беше малку подобар од утринава и со помала температура од околу 39 степени.
Ферстапен беше задолжен за отворање на сесијата и тоа го направи со црвените гуми, но веќе на крајот од кругот се упати кон боксот каде му беа монтирани жолтите пневматици, како и повеќето возачи.
Првото забележано време беше 1:50.010 на Џоу Гуанју, но на најбрзите возачи не им требаше многу време за да го победат времето на Кинезот. Чарлс Леклер, по излетувањето на првиот тренинг, тргна со сите сили и забележа време 1:45.812, победувајќи го Карлос Саинц Јр. за 74 илјадитинки.
Набргу потоа, Макс Ферстапен го имаше првото место со 1:45.563, но Серџо Перез речиси во исто време, неколку секунди подоцна, забележа импресивно време од 1:44.598 и изби на врвот од табелата со предност од девет десетинки.
Моначанецот во Ферари се пожали на тимското радио дека нешто не е во ред со неговиот болид, па дури и се врати во својата гаража.
Макс Ферстапен се подобри на 1:45.052, но Луис Хамилтон беше побрз со 1:44.994. Никој не можеше да го победи Перез, се додека Карлос Саинц Јр. не забележа 1:44.323 со жолти гуми. Чеко се подобри на 1:44.361, но се уште му фалеа 38 илјадитинки за врвот.
Истовремено, Ферстапен се обидуваше да го извече максимумот од РБ20 и за малку ќе завршеше во бариерите покрај петтиот свиок. Првата третина од сесијата на жолти гуми заврши со Саинц Јр. напред, а го следеа Перез, Хамилтон, Ферстапен, Албон, Норис и Алонсо.
Следуваше акција и атак на најбрзите времиња со црвените гуми на Пирели.
Карлос Саинц Јр беше првиот од водечките што го комплетираше својот брз круг и тоа го направи со време од 1:43.950. Првично, шпанецот беше 33 илјадитинки побрз од Пјастри и 79 илјадити делови од Ферстапен.
Ландо Норис имаше сообраќај во првиот брз круг, а Хамилтон заостана две десетинки.
Серџо Перез се појави неколку минути подоцна и постигна импресивно време од 1:43.490, со што ги победи Саинц Јр., Пјастри и Ферстапен за речиси половина секунда.
Остануваше уште помалку од половина час, кога Чарлс Леклер се врати на патеката откако беа направени потребните поправки на неговото Ферари. Ленс Строл забележа изненадувачко време од 1'44''093 за привремен П5 пласман и виолетов трет сектор.
Во последните брзи квалификациски круга, Луис Хамилтон се подобри на 1'43''550, но Чарлс Леклер имаше извонреден круг на црвените пневматици, забележувајќи го најбрзото време на денот.
Џорџ Расел имаше големи проблеми со неговиот Мерцедес АМГ, помеѓу сесиите беше заменет моторот во неговиот болид, откако биле пронајдени честички во маслото. Не возеше многу време на патеката, а по поставување на најбрзиот негов круг на црвените гуми, беше повторно повикан во својата гаража поради проблеми со неговиот болид.
На крајот, Моначанецот беше најбрз на тренинг сесијата, но неговото време беше забележано подоцна од останатите, што ќе рече на "погумирана" патека. Перез остана на шест илјадити од него, а Хамилтон на 6 десетинки.
Карлос Саинц Јр. заврши четврти, пред Пјастри, Ферстапен, Строл, Хулкенберг, Расел и Берман.
Откако беа завршени симулациите на квалификациски кругови, тимовите се фокусираа на подолги стинтови и утврдување на деградацијата на гумите во тркачко темпо.
ПРИЈАВЕНИ НОВИТЕТИ ЗА АЗЕРБЕЈЏАН
Само три тима подготвија одредени надградби за Големата Награда на Азербејџан, додека останатите во Баку ги донесоа претходните верзии на своите болиди што се користеа во претходните трки.
Ред Бул со едно ажурирање, но многу значајно. Како што изјавија од тимот во Баку донесоа ревидиран под на РБ20 кој е мешавина од претходните три верзии воведени во оваа сезона.
Астон Мартин ја промени геометријата на долните рабови на дефлекторите лоцирани во задниот дел на АМР24. Оваа промена има за цел да се подобри ефикасноста на протокот на воздух околу овие области.
РБ има минимална промена во профилот на прилагодливиот елемент на предното крило. Ова е направено со цел да се намали потисната сила генерирана од предното крило на патеките кои бараат аеродинамички поставки за ниско ниво на отпор.