Ландо Норис забележа доминатна Победа на Големата Награда на Сингапур. Британецот ја прикажа својата најдобра верзија од себе која започна на вчерашните квалификации и заврши денес со непобитна контрола на трката.
Макс Ферстапен ја минимизираше штетата со второто место, но РБ20 беше класа подолу. Ландо Норис имаше добар старт и лидерот во шампионатот во ниту еден момент не можеше да се закани за нешто повеќе на оваа трка.
До првото влегување во бокс на Ферстапен, Норис создаде разлика од 25 секунди, предност од речиси целосен пит-стоп, кога се виде дека Мекларен се натпреварува во друга лига.
Ландо Норис лесно можеше да биде и најголемиот губитник на денот, доколку завршеше во бариерите покрај патеката во два наврати, кога во прашање беа сантиметри од целосна катастрофа.
Кој ризикува, тој добива, само што во овој случај не беше ни малку потребен ризик.
Првиот пат при сопирање за влез во 14-от свиок, моменти пред неговиот пит-стоп, тој ги допре заштитните бариери и пријави штета преку радиото, но неговиот тим го прегледа крилото и утврдил дека нема некоја штета.
Вториот пат беше во 45-от круг, кога ги допре бариерите покрај 10-от свиок, при поставување на најбрзиот круг во тој момент на трката. За среќа, тој можеше да продолжи без дополнителни компликации.
Оскар Пјастри го комплетираше подиумот за Мекларен во трка која се трудеше да спаси што може по катастрофалниот П5 пласман на вчерашните квалификации. Тој ја помина првиот стинт заглавен зад возачите на Мерцедес АМГ, Луис Хамилтон и Џорџ Расел.
Дури во вториот стинт, и понови пневматици, успеа да ги помине за да се искачи на третото место.
Чарлс Леклер имаше сличен пристап, во неговиот случај откако беше заглавен на осмото место за време на првиот стинт, зад Фернандо Алонсо.
Возачот на Ферари избра да го продолжи својот прв стинт во однос на болидите што ги имаше околу него и тоа му овозможи да нападне на крајот. Со претекнување на Алонсо, Саинц Јр.,тимска наредба, и потоа Хамилтон да стигне до петтото место.
Карлос Саинц Јр. имаше лоша трка. По стартот од П10, падна на П12, а потоа имаше многу ран влез во бокс за промена на гумите, но тоа му овозможи да стигне до седмото место.
Фернандо Алонсо беше осми, пред Нико Хулкенберг со Хас и Серџо Перез кој ја затвори зоната на освојувачи на бодови, непосредно пред Франко Колапинто.
Кевин Магнусен се упати кон својата гаража во 60-от круг за да се повлече од трката, а претходно го имаше најбрзиот круг, кој беше избришан.
Во тие моменти во бокс се упати и Даниел Рикиардо по нов сет на црвени гуми и да се обиде да го земе најбрзиот круг од Норис. Тој го направи тоа, а со тоа му украде бод на Мекларен.
Британците не се баш задоволни со ова и се прашуваат чија одлука беше во игра, дали од самиот Рикиардо, дали од РБ или пак од Ред Бул? Зак Браун вели дека затоа е проблематично да се има два тима во Ф1 шампионатот со исти сопственик.
ЛАНДО НОРИС ДОМИНАТЕН ПОБЕДНИК НА МАРИНА БЕЈ
9/22/2024 01:16:00 PM
0
Share to other apps