Ферари Победи во Монца! Тимот од Маранело ја доби стратегиската битка против Мекларен, а Чарлс Леклер извозе трка до совршенство со едно застанување во бокс.
На задоволство на публиката, Моначанецот ја забележа својата втора победа сезонава и седма во кариерата.
Второто место го освои Оскар Пјастри, третото место на подиумот го освои Ландо Норис. Сега има само осум бода меѓу Ред Бул и Мекларен во шампионатот за конструктори.
За две недели борбата ќе продолжи на градската патека во Баку.
Ландо Норис не можеше повеќе од третото место и загуби уште една одлична можност за сериозен удар врз разликата на Макс Ферстапен во шампионатот на возачи.
Карлос Саинц Јр. заврши четврти, пред Луис Хамилтон и Макс Ферстапен, чиј РБ20 немаше сили за нешто повеќе од 6-тото место.
Гледавме стратегиски интересна трка од старт до финиш. Оскар Пјастри го претекна својот тимски колега кој ја имаше Пол позицијата веќе во првиот круг, а Чарлс Леклер исто така ја искористи ситуацијата и се пласираше на второто место.
Од тој момент, Австралиецот имаше повеќе темпо од кој било друг, но Моначанецот се погрижи за неговите гуми и се коцкаше со стратегија со еден пит-стоп која на крајот се покажа како добитна.
Малку радости може да се споредат со победа на Храмот на брзината како возач на Ферари.
Ландо Норис намали осум поени во однос на Макс Ферстапен, но она што повеќе ги загрижува во тимот на Ред Бул е комплетното "исчезнување" на перформансите од РБ20.
Карлос Саинц Јр. ја немаше потребната нежност кон своите гуми, и на својот роденден успеа да гоосвои само четвртото место, пред возачите на Мерцедес АМГ и Ред Бул.
Фернандо Алонсо го имаше деветтото место до неговото второ застанување во бокс, при што беше претекнат од Алекс Албон и Кевин Магнусен кои влегоа во пласман на бодови со стратегија од еден пит стоп.
Досега се нема случено, но Кевин Магнусен кој денес доби 2 казнени поени во Ф1 лиценцата, собра 12 во период од една година и со тоа нема да може да настапи на трката во Баку, Азербејџан.
Инцидентот со Пјер Гасли во четвртиот свиок му донесе казна за предизвикување судир од 10 секунди и нови два поени на неговата Ф1 лиценца. Тој пристигна на трката за Големата Награда на Италија со веќе акумулирани 10, а првите три поени ќе истечат во март 2025 година.
Прописите налагаат дека кога ќе се достигне таа граница, возачот ќе мора како казна да ја паузира следната трка во шампионатот. Неговото место ќе го земе друг возач, бидејќи суспендиран е возачот, но не и болидот на Хас.
Тој веќе беше на работ на оваа казна, заработувајќи 10 казнени поени на првите шест трки од сезоната, многу од нив во Мајами, каде имаше четири последователни казни од 35 секунди.
ЧАРЛС ЛЕКЛЕР ЗА ДЕЛИРИУМ НА ТИФОЗИТЕ НА МОНЦА
9/01/2024 02:39:00 PM
0
Share to other apps