Џорџ Расел го забележа најбрзото време на саботниот тренинг за Големата Награда на Азербејџан, победувајќи го Чарлс Леклер со болидот на Ферари.
Младиот Британец беше најбрз во сесијата во која Мекларен започна да ја открива својата брзина, по резервираниот настап на петочните тренинг сесии. Тие се главниот фаворит за Пол позицијата во Баку, која не е толку важна како на останатите градски патеки.
По "жешкиот" петок, саботното утро се покажа како облачно. Имаше многу мал дожд, но во споредба со петокот, тркачката линија беше покриена со слој од искористена гума, но возачите не брзаа да излезат на патеката, чекајќи да се исуши асфалтот.
Зад болидите немаше прскање од вода, но никој не сакаше да ризикува инцидент неколку часа пред квалификациите. На почетокот имавме само проба со подготвителни кругови без да се забележи време.
По само десетина минути сесијата беше прекината кога болидот на Окон застана на главниот правец поради проблеми со погонската единица. Французинот го пропушти првиот тренинг, а денес и третиот, лош викенд за Алпин.
По продолжението на сесијата возачите излегоа на патеката на црвените гуми, но повторно се појавија црвени знамиња. Дебитантот во болидот на Хас, Оливер Берман, не успеа да го помине, нити да ги одбегне заштитните бариери покрај првиот свиок, оштетувајќи го болидот.
Кога продолжи акцијата возачите повторно возеа на црвените гуми, но поради постојаните паузи, никој не можеше да комплетира серија кругови на потврдите гуми.
Перез му попречи на Саинц Јр. во 15-от свиок, а стјуардите ќе го разгледаат овој инцидент. Обично нема поголеми казни за овој тип инциденти на тренинг сесиите.
ЏОРЏ РАСЕЛ ИЗНЕНАДИ СО НАЈБРЗОТО ВРЕМЕ
9/14/2024 10:14:00 AM
0
Share to other apps