Моначанецот го победи Ландо Норис за 76 илјадитинки, а Карлос Саинц Јр. беше трет со заостанување од 0.189 делови од секундата.
Првата тренинг сесија во Сингапур се уште се одржува преку ден и со услови кои не се многу репрезентативни за квалификациите и трката. Сесијата нема толкава вредност како вториот тренинг, кој е закажан за 15:00 часот по наше време.
Но, на Марина Беј, како и на секоја градска патека на која имаме заштитни бариери толку блиску до крајната бела линија, секој круг е добар за возачите, кои со секој изминат круг треба да ја надоградуваат довербата и крајниот лимит на нивниот болид.
Сесијата започна со проблеми за двајцата Австралијци. Мекларен имаше проблем со отстранување на задното тркало по пит-стоп вежбите пред почеток на тренингот. Механичарите на Оскар Пјастри мораа да работат напорно за некако да го извадат тркалото, но се беше решено во првите 10 минути од сесијата.
Даниел Рикиардо, исто така, изгуби време затоа што на неговиот болид се монтираа решетки со аеро сензори за да извршат различни тестови со VCARB01. Возачите на тимот од Фаенца започна добро, со добри времиња и Топ 10 пласман.
Во тимот на Хас се врати Кевин Магнусен, кој ја пропушти последната трка поради собрани 12 казнени поени во Ф1 лиценцата. Сите тимови ги имаа своите главни возачи.
Вилијамс донесе нови елементи, но во еден примерок, монтирајќи ги само на болидот на Алекс Албон.
Возачите ја започнаа сесијата на бели и жолти, а потоа се префрлија на црвените гуми на Пирели. Имаше некои помали инциденти. Перез влета во безбедносниот простор покрај 16-от свиок, а на излегување го попречи Пјастри, кој беше во брз круг.
На излезот од 18-от свиок, Колапинто го блокираше Ботас, а потоа Перез го попречи Финецот, т.е. беше тешко да се заврши серија на кругови без губење време во сообраќајот.
Пјастри со десните тркала ги допре заштитните бариери покрај 10-от свиок и се врати во боксот, но механичарите утврдија само гребнатинт на бандажите и тој се врати во акција на патеката.
ПРИЈАВЕНИ НОВИТЕТИ ЗА ТРКАТА ВО СИНГАПУР