Ландо Норис беше, уште еднаш, најбрзиот возач на улиците на Марина Беј и без конкуренција го запоседна врвот на табелата за време на саботниот тренинг од Големата Награда на Сингапур.
Британецот се издвои како јасен и единствен фаворит за Пол позицијата, оставајќи ја конкуренцијата далеку зад себе. Дури и неговиот тимски колега заостана неверојатни 8 десетинки, додека Макс намали од секунда и половина на 9 десетинки.
Карлос Саинц Јр. во најбрзиот Ферари беше шести, додека Џорџ Расел даде надеж за Мерцедес АМГ со второто најбрзо време.
Вредноста на саботниот тренинг во Сингапур, во смисла на собирање вредни информации за тимовите, обично не е премногу голема.
Но, тој е важен за возачот, како последна проба на лимитите на својот болид и исто така да се тестира дали промените направени синоќа функционираат или не.
Првата четвртина од сесијата беше одбележана со присуство на гуштер на патеката, што предизвика развејување на црвените знамиња и демонстрација на неговата брзина во однос на маршалите.
Вистинската акција дојде откако беше отстранет непоканетиот гостин, кој речиси секоја година се појавува на улиците на Марина Беј.
Мерцедес АМГ и Ферстапен беа многу подобри од вчера, додека Леклер и Ферари како да назадуваа.
Квалификациите се закажани за 15 часот по македонско време.
ЛАНДО НОРИС ЈАСЕН ФАВОРИТ ЗА ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА
9/21/2024 11:01:00 AM
0
Share to other apps