Даниел Рикиардо настапи на својата последна трка со РБ овој викенд во Сингапур. Лиам Лосон ќе биде негова замена на стартот на трката за Големата Награда на САД.
Гласините се интензивираа во последните недели. Дури и самиот возач на прес-конференција, по трката во Марина Беј, изјави дека најверојатно нема да се натпреварува на трката во Остин.
Му требаше подолго од вообичаено да излезе од болидот, а за време на интервјуата делуваше многу поемотивно од вообичаено и на работ на солзи.
Се она што се насетуваше, денес беше официјализирано. Најлошото сценарио е потврдено за Австралиецот, кој се натпреваруваше на 257 трки во Формула 1.
Настапот на Рикиардо не беше како што се очекуваше од Ред Бул, почетокот беше со големи надежи дека ќе го замени Серџо Перез, но како што одминуваше времето и неговите забележани резултати, се појавија шпекулации за можноста тој да биде заменет со Лиам Лосон. Нешто што конечно се оствари.
Тимот од Фаенца одлучи да го отпушти откако тој не ги исполни поставените цели, да обезбеди место во Ред Бул.
Австралиецот, кој има осум победи во Формула 1, се прости преку социјалните мрежи. Во кратка, но искрена изјава, тој им се заблагодари на оние кои му даваат поддршка во последните години. И, пред сè, сакаше јасно да ја покаже својата љубов кон "Големиот циркус".
"Отсекогаш сум го сакал овој спорт. Тој е див, прекрасен и беше неверојатно патување. До тимовите и луѓето кои ја одиграа својата улога, благодарам. На фановите кои го сакаат овој спорт понекогаш повеќе од мене, хаха, благодарам", се пошегува тој со своите следбеници.
Неговите последни години во врвниот мотоспорт беа комплицирани. Неговиот претстој во Мекларен беше особено комплициран. Не го достигна нивото на Ландо Норис кој во секој поглед го надмина.
Неговите слаби резултати оваа година, со десет поени заостанување зад неговиот тимски колега, му пресудија да не го дочека крајот на тековната сезона.
"Секогаш ќе има подеми и падови, но беше забавно и, да бидам искрен, не би менувал ништо. До следната авантура.", го заврши тој своето збогување.
Возачите и останатите упатија зборови за збогување со Даниел Рикиардо. Макс Ферстапен, Луис Хамилтон, возачите на Алпин, имаше многу кои решија јавно да се простат. Зборови на благодарност имаа и Мерцедес АМГ, Мекларен.
Како најемотивна порака беше таа на Кристијан Хорнер кој потсети на многу од одличните моменти на Австралиецот.
"Од моментот кога пристигна во Ред Бул беше очигледно дека си многу повеќе од само возач. Твојот постојан ентузијазам, смисла за хумор и став ќе остават неизбришливо наследство во тимот овде во Милтон Кејнс и во Ф1 како целина."
"Ти благодарам за победите, насмевките, песните (и посакувам да можам да кажам патиките со шампањско), секогаш ќе бидеш посебен дел од семејството на Ред Бул. 8 победи, 32 подиуми, 1.329 поени. Овие статистики и признанија не се единственото мерило за тоа кој сте и што сте постигнале. Ти благодариме Даниел."
Лиам Лосон повторно ќе вози во Формула 1 шампионатот почнувајќи од Големата Награда на САД во Остин. Ред Бул одлучи да му даде можност да се врати во тимот на РБ и ќе вози во VCARB 01 како замена на Даниел Рикиардо.
Минатата година, возачот од Нов Зеланд, беше повикан во последен момент да го вози болидот на АлфаТаури на пет трки поради повредата на Рикиардо. Освои 2 поени.
Хелмут Марко претходно сезонава изјави дека Лиам Лосон ќе биде во еден од нивните болиди за следната година.
Но, немаше потреба да се чека до 2025 година. Со разочарувачките резултати на Даниел Рикиардо од една страна и ветувачката иднина на Лиам Лосон од друга страна, Ред Бул донесе одлука да го промовира Новозеланѓанецот како прв возач од трката во Остин.
На овој начин, Лосон повторно ќе биде во тандем со Јуки Цунода, како на петте трки кои ги возеше во 2023. Во официјалното соопштение на РБ, не е прецизирано дека ќе биде официјален РБ возач за 2025 година. Само јасно посочуваат дека тој што ќе ги комплетира преостанатите шест трки до крајот на 2024 сезоната.
НАШ КОМЕНТАР: Вистината е дека РБ повеќе не генерира никакви симпатии. Дури и во ерата наречена АлфаТаури, кога се уште имаше трага од Торо Росо и восхит за мала екипа која, одвреме-навреме, постигнуваше важни достигнувања. Победата на Ветел или Гасли. Но, сега веќе го немаат ни стариот добар Франц Тост.
Остануваат со хистеричен и просечен Јапонец, со проект како Лосон кој може да резултира со нов Де Врис. Накратко, се додека Ред Бул има пари за финансирање на двата тима, има мала надеж за значајна промена.
Искрено, ова беше малку грубо изведено од нивна страна. Кога веќе се знаело дека Сингапур е последната трка за Даниел Рикиардо ќе беше убаво да се каже пред почетокот на викендот, при што ќе можеше да се вистински збогум за Австралиецот. Мисламе дека беше добар возач иако имаше лоши резултати на крајот.
Рикиардо не заборавил да вози, но и најдобриот учител не е ништо без алатки по негов вкус. Можеби не е супер класа, но со добар болид по негова мерка не е полош од барем поовината од тековните возачи. Некои велат дека надвор од Формула 1 шампионатот има поголема конкуренција, затоа Ричи, не ја губи насмевката!!
Рикиардо е еден од Ф1 возачите со голема харизма, кој секако ќе остане запаметен долго време. Можеби неговата грешка беше заминувањето од Ред Бул и сега од оваа перспектива гледаме дека тоа доведе до неговиот Ф1 крај.
Крајот беше запечатен со најбрзиот круг на трката за Големата Награда на Сингапур, околу кој од тимот на Мекларен пролеаа многу солзи. Со овој круг името на Даниел Рикиардо има шанси да остане запишано долго време во статистиките на патеката Марина Беј.
Единствена шанса за негово подобрување е следната сезона, по која следува новата генерација на Ф1 болиди за кои се вели дека ќе бидат до 2 секунди побавни од сегашните.
Мекларен не може да плаче за ЕДЕН поен кога потроши околу 15 на штета на Ландо Норис кога немаа сила да ги дадат соодветните тимски наредби. Таков е животот.
Плус, зошто под лупа се става најбрзиот круг на Австралиецот, а не на Кевин Магнусен, кој од истите причини сакаше да го има најбрзиот круг, но за малку излезе надвор од границите на патеката.
Сите ја прават математиката, вклучувајќи ја премисата "ако победи на секоја трка, а Макс е втор", но гледајќи наназад, тоа не се случува често. Како моментално стојат работите, Мекларен има ракета болид, и доколку дојде 1 поен да решава за шампионската титула кај возачите, ЕДИНСТВЕН ВИНОВНИК/ЦИ ќе бидат МЕКЛАРЕН/Ландо Норис.
Ни се чини малку веројатно дека Норис може да победи на сите трки, но уште поневеројатно е Ферстапен да се пласира на победничкиот подиум на сите 6 трки до крај на сезоната.
Ќе треба да почекаме и да видиме дали ќе функционираат надградбите што Ред Бул ги ветуваат за Остин и дали Мекларен ќе даде зелено светло за новиот пакет што го подготвуваат, но никако да го спроведат во пракса.
Претходната година Ред Бул победи на сите трки, освен во Сингапур. Оваа сезона поминаа добро со Макс. Едно е сигурно, ќе гледаме интересна завршница на сезоната во која првата серија на три последователни трки ќе даде одговор на многу прашања, а можеби и не.
ОФИЦИЈАЛЕН КРАЈ ЗА ДАНИЕЛ РИКИАРДО, НОВ ПОЧЕТОК ЗА ЛИАМ ЛОСОН
9/26/2024 10:17:00 PM
0
Share to other apps